ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Стравот е нивното оружје. Нашиот арсенал е многу поголем и посилен.

March 22, 2024 09:08
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Откако видоа дека директната закана по мојот живот кон крајот на декември минатата година предизвика само краткотрајна врева, центрите за продукција на дезинформации и говор на омраза покренаа нов бран закани во втората половина на март годинава. Да не се стекне погрешен впечаток – валканата кампања за дискредитација и заканите се континуирани и траат веќе со децении. Овде пишувам само за неодамнешните пикови во кампањата, не дека ги нема во меѓувреме.

Јавноста треба да знае дека во валканата кампања со навреди, дискредитација, клевети, омраза и закани не учествуваат само анонимни тролови и трол армии, туку и луѓе со име и презиме, меѓу кои се познати пропагандисти (новинари, интелектуалци и други) и политички лидери или високи партиски функционери. Меѓу нив, се разбира, прикриени, се и припадници на безбедносните структури во земјата, но и од странство. Шарена дружина…

Повеќепати сум кажал дека јас не сум единствената мета на овие кампањи. Нападите и смртните закани врз мене и други поединци во јавниот, граѓанскиот, медиумскиот или политичкиот живот, имаат покомплексна намена освен да заплашат еден човек или група.

Прво и основно, се работи за напад на тоа што го работам и вредностите што ги застапувам, идеите и ставовите за кои пишувам и говорам. Тоа го подразбира и моето пошироко опкружување – организацијата ЦИВИЛ во која сум веќе 25 години, како и редакциите, односно новинарките и новинарите со кои работам, соработниците, експертите и колумнистите со кои соработувам.

Штетата што ја предизвикуваат ентитетите што се занимаваат со криминална контаминација на јавната комуникација и медиумите, не се ограничува само на интелектуалците, медиумите и граѓанското општество.

Нападите се насочени и кон пошироката јавност. Нивна цел е да ги замолкнат луѓето. Да ги заплашат и да им покажат што може да им се случи ако размислуваат со своја глава.

Трол армиите се тука за да го наметнат ставот на своите работодавци како единствено точен. Не како доминантен став, туку единствен. Ни трага од дебата и преиспитување, никој не смее да размислува различно! – тоа е нивната цел.

И за да ја остварат својата цел, радикалните и ултранационалистички, антидемократски и проруски политички и шпионско-субверзивни ентитети (кои се меѓусебно добро поврзани и координирани) се подготвени да одат докрај.

Денеска сакам да споделам неколку препораки до кои дојдов во консултација со литературата (онлајн и на моите полици), како и по разговор со ChatGPT. Значи, прашањето е: Што треба да направите кога се соочувате со говор на омраза и смртни закани? Во соработка со моите колешки и колеги во ЦИВИЛ, деновиве ќе предложиме и подетален документ со препораки што треба да направат оние што се соочуваат со напади и смртни закани.

Пред сѐ, поединците, организациите и редакциите што се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и смртни закани треба да знаат дека тие не смеат да се занемаруваат, особено не онака како што тоа го прават институциите во Северна Македонија.

Сфатете ги заканите сериозно! Иако на некој начин е установено непишаното правило „да не им се обрнува внимание“, заканите, дури и ако изгледа дека нема да се спроведат – мора да се сфатат сериозно. Тие имаат поширока цел, а тоа е да ги замолкнат и заплашат луѓето. Исто така, дури и ако постои најмала шанса тие закани да се остварат, тоа значи дека е сериозно нарушена безбедноста на луѓето што се под напад.

ЦИВИЛ со години ги документира и архивира овие напади. Тоа е важна компонента на одбраната од овие напади. Сите податоци за напаѓачите се собираат и се складираат во заштитени дигитални архиви кои се чуваат онлајн, а не во физички простор. Ова е особено важно, затоа што „екипата“ што го изврши нападот на седиштето на ЦИВИЛ, непосредно по 27 април 2017 година, си замина со „празни раце“, поточно само со компјутерска опрема и со мојата гитара. Но тоа се надополни, благодарение на солидарноста и помошта од донаторите. Архивите останаа нечепнати.

Без оглед на тоа колку се неефективни и ги игнорираат овие кампањи, треба да се контактира со институциите и да им се поднесуваат пријави за овие случаи.

Истото се однесува и на социјалните медиуми. Иако повеќето не реагираат соодветно, особено кога се работи за т.н. кодиран јазик со кој се служат пропагандистите и троловите, важно е да се одржуваат „во форма“ разните механизми за заштита од говор на омраза и навредливо однесување на социјалните мрежи.

Важно е да се остане доследен на принципите и вредностите. Гласноста е најголемиот наш сојузник. Притоа, треба да се остане пристоен и конструктивен. На дезинформациите и националистичките наративи треба да се одговори со факти и стории за напредокот и благосостојбата на општеството во кое почитувањето на човековите права и слободи е на прво место.

Не се плашете! Стравот е нивното оружје. Вашиот арсенал е многу поголем и посилен: пристојност, конструктивност, факти, почитување на различностите, почитување на човековите права и слободи.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.

Прочитајте и: 

(24 ГОДИНИ ЦИВИЛ) Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ: По цена на својата лична безбедност, Цивилките и Цивилите ги бранат човековите права и слободи секогаш и секаде, без калкулации и без компромиси

Дерала: Нема да ме заплашат смртните закани, и нема да ме замолчат судските процеси од Мицкоски

Смртни закани против ЦИВИЛ, кампањата трае со години, институциите молчат

Директна закана по животот на Џабир Дерала: Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне

Пиштол и кама, со „Отечественная война“ на маичката: Мини портрет на „Александар Антиќ“ кој јавно се заканува со убиство на Џабир Дерала

ПОЛИТИЧКИ НЕПОДОБНИ: Под огнот на милитантната десничарска политика и пропаганда

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: говор на омразапропагандасмртни ззакани

НАЈНОВО

Глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride“ 10-ти пат во Скопје

May 17, 2025

Сиљановска-Давкова до Мајнл-Рајсингер: Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел

May 17, 2025

Ахмети бара од Мицкоски објаснувања за „политиките кои го загрозуваат соживотот и мирот“

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk