ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери во Теарце: Вложувањето во општините обезбедува локален развој и иднина за граѓаните

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска бил во работна посета на Општина Теaрцe, каде се сретнал со градоначалникот и советниците во Општинат, а го посетил и ООУ „Асдрени” во село Глоѓи и извршил увид на реконструираниот локален пат во селото.

March 25, 2024 18:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска бил во работна посета на Општина Теaрцe, каде се сретнал со градоначалникот и советниците во Општината, а го посетил и ООУ „Асдрени” во село Глоѓи и извршил увид на реконструираниот локален пат во селото.

– Во разговор со локалните власти, премиерот Џафери истакна дека со подобрување на инфраструктурата на целата територија на државата, Владата покажува дека сите граѓани, без разлика во кој дел од државата живеат, се подеднакво важни и дека Владата токму со проекти и инвестиции ја покажува грижата кон општините и за приоритетните потреби на граѓаните од локалните заедници, се наведува во соопштението од Владата.

Реконструкцијата на училишниот објект во ООУ „Асдрени” во село Глоѓи, како што е наведено во соопштението, е завршена во декември 2023 година. Реконструкцијата опфатила поставување на термо-изолациона фасада, реновирање на спортската сала и поправки на оштетените подови, со што им се овозможило на учениците да ја следат наставата во одлични услови.

По увидот на локалниот пат во селото Глоѓи, Џафери истакнал дека реконструкцијата на патот е само една од десетиците инвестициски проекти на локалните власти во земјава, кои ја имаат целосната поддршка на Владата низ повеќе различни програми.

-Со изградба и санација на локални патишта и улици во општините, Владата го подобрува урбаното живеење, обезбедува локален економски развој, безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу граѓаните, се наведува во соопштението.

Next Post

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче и локациите на рекламните паноа и билборди за претседателските избори

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk