ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Во ниту еден случај нема да дојде до никакво поскапување на парното за домаќинствата

March 25, 2024 13:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги преземе сите механизми за да имаме стабилна ситуација со цената на топлинска енергија имајќи ги во предвид цените со природниот гас на берзите во Европа, порача денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и додаде дека во никој случај нема да поскапи парното за домаќинствата.

-Во ниту еден случај нема да дојде до никакво поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, единствено може да дојде до намалување во зависност дали ќе има субвенции, дали ќе нема. Во текот на јули вообичаено ние ќе ја донесеме таа одлука. Можевме и сега да носиме популистичка одлука, кога ја намаливме цената за не домаќинствата, но се решивме да им се помогне пред се на овие потрошувачи кои во текот на енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Во првата шанса која што ја имавме во делот на топлинската енергија, додаде, веднаш изреагиравме како РКЕ и цената на сите недомаќинства коишто се приклучени на системот за топлинска енергија во градот Скопје заради очигледно намалени трошоци за набавка на природен гас ја намаливме за 35 проценти.

-Во наредниот период ќе ја следиме ситуацијата со цената на природниот гас и ќе видиме како понатака тоа ќе се одрази. Загрижува фактот што ТЕ-ТО дава нешто помалку од тоа што сме го предвиделе да го дава на мрежа, но понатака како ќе проаѓа времето ќе анализираме, ќе имаме состаноци со ТЕ-ТО и со ЕСМ дистрибуција на топлинска енергија да видиме што било причината за тоа, рече Бислимоски.

Нагласи дека топловодот на мостот „Беласица“ кој беше оштетен во пожар нема влијание на работата на ТЕ-ТО.

-Мислевме дека има, ама сега нема влијание, но ќе видиме зошто ТЕ-ТО од средината на декември па некаде до 10 јануари не произведувал ни електрична енергија, а со тоа ни топлинска енергија бидејќи цената на природниот гас била таква што цената на електричната енергија не ги покрива трошоците за работа, истакна Бислимоски и посочи дека ТЕ-ТО дава топлинска енергија кога му дозволуваат пазарните услови.

Прецизира дека било предвидено ТЕ-ТО да дава околу 60 проценти од топлинската енергија, а во системот испорачувало под 50 проценти.

-Не можеме да бараме од ТЕ-ТО како нерегулиран производител ни на електрична ни на топлинска енергија да дава нешто што би го носело во големи загуби. ТЕ-ТО дава топлинска енергија кога му дозволуваат пазарните услови. Ние не можеме до крај да бараме од ТЕ-ТО произведувај повеќе топлинска енергија а помалку електрична енергија кога јасно е дека најголемите добивки ТЕ-ТО си ги прави на слободниот пазар на електрична енергија од продажба на електрична енергија, појасни Бислимоски.

Tags: Бислимоскидомаќинствапарнопоскапување
Next Post

Протеините најдобар избор на закуска во случај на глад ноќе

EVN

НАЈНОВО

Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аредром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026
Фото: ВИ

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk