ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026 17:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната дискусија во организација на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) на панелот „Обликување на Европа заедно – Прогресивни гласови од Западен Балкан“, што се одржа во Барселона, претсеседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека прогресивните сили се последната линија на одбрана од авторитарните режими. Тој посочи дека кризата на демократијата започна со кризата на социјалдемократијата и на прогресивните сили, соопштуваат од СДСМ.

„Тоа е јасен показател дека социјалдемократијата, во својата суштина, е единствената вистинска спротивност на антидемократските и авторитарните идеологии и режими. Ова го нагласувам затоа што некои од нас сè уште мислат дека отпорот кон авторитаризмот кај нашите колеги од централно-десничарските партии е исто толку силен како и меѓу нас прогресивците”, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче истакна дека одговорноста за справување со новиот бран авторитаризам лежи токму кај прогресивците.

„Тешката задача за надминување на овој нов бран на авторитарни политички сили првенствено лежи врз прогресивците и социјалдемократите. Најважно за прогресивците е да поминат низ процес на темелна трансформација и на наративите и на политиките, како и на пристапот кон гласачите, за повторно да станат избирачки привлечни во новите политички околности”, рече Филипче.

Во таа насока, Филипче потенцираше дека социјалдемократите мора да понудат јасна визија и конкретни решенија што ќе одговорат на реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните, особено работниците.

„Треба да ја смениме стратегијата. Наместо да им држиме предавања за демократијата, треба да им дадеме приоритет на социјалните и економските прашања, да ги поврземе со нивниот животен стандард и работните услови, а потоа да го воведеме аргументот за демократијата, градејќи наратив дека само во демократија работниците можат да изградат општество на благосостојба. Дополнително, треба јасно да се позиционираме против новиот бран на нерегулиран капитализам маскиран како патриотизам. Најновиот бран ги замени неолибералните политики со далеку поопасна форма на техно-феудализам“, рече Филипче.

EVN

НАЈНОВО

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео BBC

Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk