ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026 20:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за култура на СДСМ преку соопштение упати остри критики до министерот Зоран Љутков, обвинувајќи го дека проектите на археолошкиот локалитет Стоби, кои ги претставува како сопствени успеси, всушност се обезбедени и финансирани во време на претходната власт. Од опозициската партија велат дека министерот се занимава со дневна ПР-пропаганда наместо со реална културна политика.

Според СДСМ, клучните активности во Стоби не се резултат на новата програма на Министерството, туку се плод на меѓународни партнерства воспоставени пред неколку години.

Од Комисијата за култура ги наведуваат следните факти за тековните активности:

Конзервацијата на Теодосијанската палата е проект поддржан од фондот „Џ.М. Каплан“ во соработка со Фондацијата „Балканско наследство“, започнат уште во 2022 година.

Проектот „Еуропос Платино Стоби“, финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, е започнат во 2021 година.

Адаптацијата на Старата железничка станица во Центар за посетители е проект кој бил планиран и финансиски обезбеден во време на владеењето на СДСМ.

„Овие факти јасно покажуваат дека станува збор за континуитет на политики и инвестиции воспоставени во време на СДСМ, а не за нова визија на актуелното раководство. Денес гледаме класичен пример на китење со туѓи перја“, се вели во соопштението.

Опозицијата го обвинува министерот Љутков дека додека „позира на археолошки локалитети“, истовремено врши директен удар врз Колективниот договор за култура. Од партијата посочуваат дека министерот демонстрира отсуство на емпатија во моменти кога вработените излегуваат на протести за зачувување на своите стекнати права.

„Во момент кога вработените во културата излегуваат на протести, кога јавно предупредуваат дека им се одземаат стекнати права, министерот демонстрира целосно отсуство на емпатија. Наместо дијалог и решенија имаме молк и ПР-тури“, обвинуваат од СДСМ.

Комисијата за култура на СДСМ заклучува дека културното наследство не се брани со фотографии, туку со почит кон луѓето во секторот, и го повика министерот Љутков да престане со „политичката симулација“ и да се соочи со реалните проблеми на културните работници.

EVN

НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk