ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Двајца загинати и 27 повредени во верижен судар на автопат во Германија

March 25, 2024 09:27
in ДЕНЕС, СВЕТ
Image: Merzbach/dpa/News5/picture alliance

Image: Merzbach/dpa/News5/picture alliance

Share on FacebookShare on Twitter

Две лица загинаа, а 27 се повредени во верижен судар на околу 40 возила на автопатот во близина на Вирцбург, во германската област Баварија.

Една 52-годишна жена и двегодишно дете загинаа на местото на несреќата, додека друго дете мораше да биде пренесено во болница со повреди опасни по живот, изјави утрово портпаролот на локалната полиција.

Властите соопштија дека автопатот морал да биде целосно затворен во правец на Нирнберг до утрово по трите несреќи на влажен пат што се случиле во краток временски период вчера попладне.

Според властите, првиот верижен судар во кој учествувале 17 автомобили се случил околу 16 часот, кога некои возачи на кои им било одвлечено вниманието од оштетено возило на страната на патот, се удриле еден во друг. Две лица се тешко повредени, а девет други се здобиле со полесни повреди.

Веднаш потоа, неколку стотици метри претходно, повеќе автомобили се судриле во возила што застануваат по што се запалиле три возила. Жена и мало дете загинале, додека три лица се тешко повредени, меѓу кои и дете со повреди опасни по живот, а 11 лица се полесно повредени.

Околу половина час подоцна, се случила уште една несреќа на крајот од сообраќајниот метеж, во која исто учествувале три возила. Во овој судар две лица биле полесни повредени.

Tags: автопатГерманијасудар
Next Post

Партиите во Грција бараат одговорност од Владата за железничката несреќа кај Темпи, по натписот во „То Вима“ за монтирани разговори

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk