Утре на 26 март, во 12.30 часот, на скопските гробишта „Бутел“ во Капела 1 ќе му оддадеме почит на прерано починатиот музичар, композитор, текстописец, издавач, диџеј и продуцент Мирко Попов, објави неговата издавачка куѓа „ПМГ Рекордингс“.
Легендата на македонската електронска музика, музичар, продуцент, диџеј, музички промотер и уметник, Мирко Попов, почина вчера на 51 годишна возраст.
Попов со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години. Тој е основоположник на PMG Production, а има одиграно и во неколку театарски претстави и филмови.
.