ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

2 Април – Меѓународен ден на проверката на факти

April 2, 2024 15:28
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Глобалната заедница на проверувачите на факти денеска го прославува 2 Април – Меѓународниот ден на проверката на факти – меѓународна иницијатива која смета дека точните информации имаат суштинска улога во глобално поврзаниот свет.

Проверувачите на факти сметаат дека издигнувањето на важноста на фактите не е должност само на професионалците, туку претставува заедничка задача која вклучува учество на јавноста од сите сегменти на општеството. Со засилувањето на проверката на факти и промовирањето на кредибилни извори во новинарското известување, ние можеме да поттикнеме здрав информативен екосистем во кој фактите би доминирале. #ФактитеСеВажни (#FactsMatter) во градењето на информирано и општество отпорно на дезинформации и кога е #ДенНаПроверкаНаФакти (#FactCheckingDay), но и секој друг ден. 

Првиот Меѓународен ден на проверката на факти беше лансиран од Меѓународната мрежа за проверка на факти во 2016 година со цел да се прослави и истакне работата на проверувачите на факти ширум светот и оттогаш се слави секоја година. Меѓународната мрежа за проверка на факти започна со само десетина членки за денес во неа да членуваат над 180 организации ширум светот.  

Во С. Македонија, полноправна и сертифицирана членка на оваа мрежа од 2019 година е Фондацијата Метаморфозис (metamorphosis.org.mk) и порталот за проверка на факти Вистиномер (vistinomer.mk). Од 2023 година Метаморфозис и Вистиномер се и сертифицирани членки на новооснованата Европската мрежа за стандарди при проверката на факти со седиште во Брисел, Белгија, а во проверката на факти активно се вклучени и другите изданија на Метаморфозис – Новинската агенција Мета (meta.mk) и информативниот портал на албански јазик, Порталб (portalb.mk).  

Во изминатата година изданијата на Метаморфозис изработија речиси 1.000 проверки на факти и разоткривања на спинови (манипулации) искажани лица кои учествуваат во креирањето на јавните политики, политичките партии, како и проверки на исполнетоста на предизборните ветувања на политичките партии. Особено важна и сеопфатна беше работата на Вистиномер при проверките на факти на содржини споделени на социјалните мрежи и тоа особено зашто најголем дел од дезинформациите токму се споделуваат и шират на овие он-лајн платформи. 

Иако во изминатите 12 месеци, бројот на дезинформации за и околу војната во Украина се намали, сепак, тие сѐ уште претставуваат значајна дезинформациска тема во земјата, која е често експлоатирана од странски дезинформациски центри, а неретко дезинформациите се комбинирани и со други видови закани (тнр. хибридни закани), со капацитет на нанесување штети во реалниот свет и врз севкупното македонско општество. 

Но, ако дезинформациите за и околу Украина забележаа пад, истото не може да се каже и за антивакциналните дезинформации, чие ширење во он-лајн просторот е константно, неретко комбинирано и со другите видови дезинформации од здравствената сфера, какви што се дезинформациите кои се користат за продажба на лажни лекови. Намалување на бројот бележат и дезинформациите преку кои се шират он-лајн измами со цел да се украдат лични податоци, па дури и финансиски средства од корисниците на социјалните мрежи. Во изминатите 12 месеци видовме и дезинформации кои се користат за напади врз Европската унија, земји членки на ЕУ, другите демократски земји надвор од Европа, како и меѓународните институции и организации, кои се темел на меѓународниот правен, политички и финансиски поредок. За оваа намена неретко се користат теории на заговор преполни со невистини и измислици, при што се злоупотребуваат и емоциите, а сé со цел во јавноста да се предизвикаат негативни чувства како страв, гнев, бес, чувство на безизлез, раздор и слично. 

Она што нé очекува во следните неколку месеци, тоа се претседателските и парламентарните избори во С. Македонија, што, пак, ќе донесе зголемен број на дезинформации и манипулации (како и на секои избори). Но, изданијата на Фондацијата Метаморфозис се подготвени да работат на сите важни проверки на факти во текот на изборите со цел граѓаните да имаат точни и навремени информации за тоа што е, а што не е точно во излагањата на кандидатите за јавни функции и соопштенијата на политичките партии.  

Токму заради наближувачките избори, а по повод Меѓународниот ден за проверка на факти, Фондацијата Метаморфозис и Балканската мрежа за борба против дезинформациите организираат Регионална конференција на тема: „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ера“ На конференцијата, која ќе се одржи токму на 2. Април со почеток во 10 часот, во Хотелот Холидеј Ин во Скопје, ќе земат учество експерти од регионот и пошироко, кои се занимаваат со проверка на факти и спротивставување на дезинформациите. 

Преземено: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

За неполни четири години културните работници добиле покачување на платите за 52 проценти

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk