По објавата на СДСМ дека „лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, пристигна експресна реакција од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што го негираат постоењето на такви документи, прво објавени во ПорталХ, а потоа „дополнети од СДСМ“, како што се вели во соопштението на партијата.
„Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДС(М)“, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
Образложението на ВМРО-ДПМНЕ е дека „потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните.“
„Иако видовме дека за СДС(М) е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски, веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ да се извини за ваквите лаги, во спротивно ќе следи тужба за клевета.
Д. М. / ЦИВИЛ Мониторинг тим
Преземено:Цивил Медиа
Поврзано: