Нискобуџетната компанија која нуди евтини летови од Македонија „Виз ер“, започна со новата рута од Северна Македонија до Салцбург, Австрија. Летовите во текот на годината ќе се одржуваат три пати во неделата, и тоа во понеделник, среда и петок, истакнуваат од компанијата.
Билетите се достапни на веб страницата на „Виз ер“ и на мобилната апликација на авиокомпанијата, истакнуваат од компанијата.
Како што соопштуваат, севкупно, оваа летна сезона „Виз ер“ ќе извршува преку 30 линии од Северна Македонија до 14 држави во Европа.