19 општини, околу 300 илјади гласачи и една одлука, кому ќе му ја дадат довербата на претстојните избори во Изборната единица 4? Венко Филпче и Јована Тренчевска наспроти Александар Николоски и Антонијо Милошоски.
Долгогодишната борка за еднакви права, една од основачките на Форумот на жени на СДСМ, актуелната заменичка Министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска е прва жена на кандидатската листа која на терен ќе се бори со своите политики да останат младите дома.
Иако во шпицно опонентно друштво на мажи од опозоцијата, сепак вели дека трката која ќе ја трча се базира на еднакви можности. Се залага за жени на одлучувачки позиции, но не по секоја цена.
ТРЕНЧЕВСКА: Ние не ја нарекуваме женска трка, туку трка на еднакви можности, рамноправно учество и носење на одлуки кои ќе го подобрат квалитетот на живот на сите граѓани.
Во нашите листи се вклучени мажите и жените подеднакво и исто така е испочитувано и 30% учество на младите. Програмата е креирана со учество на сите, затоа што решенија на предизвиците можат да донесат само лица кои директно се соочуваат со нив. Нашата мисија е да ги продолжиме политиките, да донесеме уште системски решенија кои ја подобруваат општествената слика на долг рок. Да го искористиме целосниот потенцијал на сите граѓани и да ја вратиме желбата на секој млад човек да остане во нашата држава. Затоа што веруваме дека имаме квалитетни кадри кои можат да ја градат оваа држава!
Дека СДСМ е вистинската опција за граѓаните од југо-истокот покажуваат досегашните достигнувања кои не беа лажни ветувања особено во делот на социјалната заштита, растот на платите и пензиите, пазарот на труд и детската заштита, вели Тренчевска. Новата програма предвидува подобрување на квалитетот на живот по европски стандарди.
ТРЕНЧЕВСКА: Ветувањето за континуирано покачување на пензиите и стабилен пензиски фонд, ветувањето за континуирано покачување на минималната плата, растот на просечната плата, поголема вклученост на децата во градинките, зголемување на правата од детска и социјална заштита и зголемување на опфатот на лица во услугите беше наша цел која ја исполнивме. Меѓутоа ние не застануваме тука! Новата програма предвидува подобрување на квалитетот на живот по европски стандарди. Се обврзуваме за минимална пензија од 20.000 денари! Просечната пензија од 30 000 денари меѓутоа преку системски решенија кои нема да ги загрозат исплатите на пензиите. Некои предизвици побрзо се решаваат со пакет мерки отколку со популистички решенија кои немаат одговор на прашањето како ќе се постигне нешто. Затоа ние ќе воведеме новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари! Материјални средства кои не го допираат пензискиот фонд, веќе имаме искуство со пакети на мерки кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните во државата. Ќе воведеме и картичка за пензионерите со попуст од 30% на прехранбени производи и ќе изградиме најмалку 12 нови домови за стари лица!
Социјалната политика е клучна за проспертитено општество. Тренчевска вели дека континуитетот продолжува и со новата програма која има за цел да обезбеди опфат не секое дете во градинка, изградба на социјални станови, креирање на политики за млади по теркот на Словенија.
ТРЕНЧЕВСКА: Во оваа програма никој не е заборавен, моменталниот опфат на деца во градинките од 28% е зголемен на 48% и овој тренд ќе зголеми на 70%. И морам да напоменам ова е опфат за СЕКОЕ ДЕТЕ. Затоа што во секоја општина ќе има инклузивно игралиште и сензорна соба, воедно воведуваме бесплатни логопетски и дефектолошки третмани за сите деца. Ова се инклузивни политики и ова се родово сензитивни политики и тоа е далеку од популизам!
И на крај она што за мене е омилена тема а тоа се младите. Младите во нашата држава се амбициозни и креативни и затоа како политичка опција решени сме Македонија да ја направиме поле за личен раст и развој. Во таа насока ќе го зголемиме младинскиот додаток од 3.000 денари на 5.000! Опфатот на Гаранција за млади ќе порасне на 50% и она што најмногу ме радува е обезбедувањето на Софтвер за активација на млади по примерот на Словенија! Ова се добри решенија и граѓаните тоа го знаат!
Забележливо е сè поголемото и поуспешното учество на жените на клучни позиции во институциите, што се гледа и од композицијата на изборните листи. Тренчевска верува дека „секоја една жена која е вклучена во листите за пратеници се води од еднаквоста, солидарноста и праведноста“.
ТРЕНЧЕВСКА: Ние не сме партија на поделени мислења, каузата е една, вредностите се постојани и целта на нашето делување е исто. Опозицијата може само да ветува, а ние покрај ветувања можеме да покажеме и вистински успеси!
Влезот во НАТО и предводењето на министерката Славјанка Петровска на Министерството за одбрана во изминатите две години, постојаното славење на македонскиот јазик, нашите уметници и култура од страна на другарката Бисера Костадиновска Стојчевска, посветеноста на подобар квалитет на живот особено на младите од страна на Моника Зајкова и цврстата одлучност на Сања Лукареска и европските решенија за унапредувања на социјалната заштита и детската заштита се доказ за работата само на носителките и коносителките на Изборните единици.
Верувам дека секоја една жена која е вклучена во листите за пратеници се води од еднаквоста, солидарноста и праведноста. И секоја жена ќе работи за потребите на граѓаните и решавање на нивните предизвици.
Помалите партии Левица и ЗНАМ како понови политички опции во македонската политика, за Тренчевска не се политички „непријатели“ во изборната трка. Вели денес граѓаните имаат голема политичка самосвест и можат да препознаат дали некоја партија воопшто претставува опција.
ТРЕНЧЕВСКА: Непријатели за социјалдемократска партија не постојат, можат да постојат само добри и лоши политички опоненти. Јас верувам во вредни работници, чесни политичари и добра изборна програма! Секој на кого му недостига еден од овие, за мене би ги нарекла принципи не може да се вброи ни во противник. Затоа што граѓаните денес повеќе од било кога имаа критичко мислење и можат да препознаат дали некоја партија воопшто претставува опција.
Двојните избори носат нов Собраниски состав и нов Претседател на Република Северна Македонија. Но дали Македонија конечно треба да добие жена за Претседател?
ТРЕНЧЕВСКА: Јас сум поборник за женски права веќе 30 години, тоа го кажувам јавно. Жените се спремни да бидат на позицијата Претседател на државата. Но, не по секоја цена!
Овие избори местото Претседател на државата ќе го добие повторно, Стево Пендаровски. Тоа е правилниот избор, не затоа што е маж. Туку затоа што ги поседува вистинските квалитети за да биде претседател на сите граѓани!
С. Т.