ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Дискретен пресек на три децении независна кинематографија: Промоција на книга од Ана Василевска во Јавна соба

На стотина страници, од перспектива на авторката, книгата дава опис на развојот на кинематографија во период од три децении, не исклучувајќи го влијанието, односно политичките и социолошките фактори врз промените во нашиот филм. Книгата како што вели авторката е „посветена на сите сонувачи што ги создадоа темелите на независната продукција и оние што беспоштедно ќе ги градат новите патеки“.

April 8, 2024 11:36
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска, која претставува своевиден пресек на состојбите во домашната кинематографија во периодот од независноста на државата, безмалку до денес, ќе биде промовирана во „Јавна соба“ на 10 април (среда) од 18.30 часот. Промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски. Промоцијата ќе биде проследена и со џез концерт на нашите еминентни музичари со Гоце Стефковски квартет во состав: Гоце Стевковски, Дарко Мучев, Филип Динев, Кирил Кузманов.

На стотина страници, од перспектива на авторката, книгата дава опис на развојот на кинематографија во период од три децении, не исклучувајќи го влијанието, односно политичките и социолошките фактори врз промените во нашиот филм. Книгата како што вели авторката е „посветена на сите сонувачи што ги создадоа темелите на независната продукција и оние што беспоштедно ќе ги градат новите патеки“.

„На што можеа тогаш да се потпрат оние кои функционираа во дотогашниот организиран филмски систем, кој можеби не беше идеален, но беше единствено познат? И тука, точно како обид да се занимаваш со сервисирање вселенски летала во земја во која нема ниту авионска индустрија, земја втурната во транзиција и економска несигурност, почнаа да се реорганизираат тие филмски честички и да создаваат нова филмска историја. По три децении, храброста и лудоста на оние кои ги поставија темелите на независните продуцентски куќи оформија ново соѕвездие кое има достојно место на филмското небо. Овие редови немаат амбиција да калкулираат или, пак, да поентираат во празно, туку се обид да дадат еден базичен приказ на сите бури и мирни мориња што ја заплиснаа нашата кинематографија во изминатите триесет години“, се вели на почетокот на книгата.

„Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е илустриран со плакатите од филмовите, што претставува нивна прва систематизирана објава на едно место, а вклучени се сите достапни плакати во архивата на Кинотеката на РСМ.

„Книгата стручно ги истакнува сите причини и последици од македонското филмско творештво од 1991 до 2021, години на политички премрежиња, на уметничко деморализирање, на општествено девалвирање, но и на одлучната македонска борба да се опстои, па дури и во филмска смисла, да се пронајде вистинскиот филмски збор, да се направи оптимален филмски избор, во разбрануваното море неприлики, оти ние сме борбен народ, нели. На страниците на ,Дискретниот шарм на македонскиот филм’, поместени се и историографски, но и статистички податоци за конкурентноста на македонскиот филм на најзначајните филмски натпреварувања“, пишува рецензентката на книгата Ана Кубин.

Ана Василевска, родена во Скопје во 1975 година е новинар, филмски теоретичар, критичар. Формалното образование го стекнува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како дипломиран филолог по македонски јазик со општа и компаративна книжевност, а магистерските студии по филмска и телевизиска режија, на Факултетот за аудиовизуелна уметност „ЕСРА“, Скопје. Со професионално новинарство, насочено кон културата, со посебен фокус кон филмот се занимава од 1998 година. Автор е на стотици објави на рецензии, осврти, интервјуа, анализи и критики поврзани со филмот, пласирани во бројни печатени и електронски медиуми. Била уредник на ревијата за филм на првото електронско списание во Македонија, „Блесок“. Селектор и модератор на ревијалната програма „Мак поинт“ на ИФФК „Браќа Манаки“ во периодот од 2016 до 2019 година. Работела и како лице задолжено за односи со јавноста на бројни филмски проекти во македонска продукција. Иницирала, организирала и модерирала низа тематски трибини за македонскиот филм. Уметнички координатор е на првата манифестација за преглед на годишната филмска продукција, „Златна рамка“, денови на македонски филм 2019- 2023 година. Медиуми во кои работела: Македонска телевизија, Дневник, Форум, Макфакс, Радио Равел, А1 он, Нова ТВ веб и други. „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е нејзина прва објавена книга. По промоцијата, книгата ќе биде достапна во книжарниците.

Преземено: Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Агенција за филм на РСМАна ВасилевскаКнига

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Збогум, Америка

May 27, 2025

Арсовска: Меџити заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“ се исмева со граѓаните додека промовира туѓи проекти

May 27, 2025

Промоција на сликовницата „ДРУГАРКА, ДРУГАРКО И ДВЕ МАЧЕНЦА“

May 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Рената Дескоска примена во Европската академија на науките и уметностите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Советникот на корумпираниот бегалец Груевски на чело на македонското здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наместо лидерска, интерпелација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешниот советник на Груевски и „другар“ на Али Ахмети се очекува да биде министер на Мицкоски за здравство!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk