ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Викенд кампања – Објава на програми; тежок старт со минус шест бодови; раскинување на договорот со Бугарија; борба против руско влијание; опожарен билборд на кандидат

April 8, 2024 15:23
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изминатиот викенд, кандидатите на претседателските избори што ќе се одржат на 24 април,  ги претставија своите програми и одржуваа собири со своите поддржувачи низ  различни општини во земјата.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ги следеше обраќањата на кандидатите, како и атмосферата на собирите и расположението на граѓаните  на социјалните мрежи  во однос на севкупната предизборна кампања.

Генерално, кандидатите се користат со коректен речник, но сепак со забележливи тенденциозни наративи, како и обиди за дезинформации, кои ЦМТ ги архивира и подготвува опширен извештај.

Стево Пендаровски: И во следните пет години ќе ги заштитувам правата и слободите на граѓаните, на младите и на ранливите и маргинализирани заедници

Претседателскиот кандидат на коалицијата „За европска иднина“ во текот на изминатиот викенд ја објави својата програма за претседателските избори, која се состои од пет столбови.

  1. Глас на граѓаните, заштитник на правата и слободите
  2. Промотор на правата на младите, ранливите и маргинализираните заедници
  3. Заштитник на демократијата и соработка меѓу заедниците во македонското општество
  4. Борба за правна држава ослободена од канџите на организираниот криминал и корупција
  5. Европската интеграција како двигател на целосната трансформација
Стево Пендаровски, кандидат на претседателските избори 2024 година

Гордана Силјановска Давкова: Јас би требало да бидам една од оние која ќе ги менува работите

Знам дека Уставот е зрел за промени и мислам дека е крајно време една одговорна власт да направи широко експертско тело што ќе ги утврди проблемите во него.

Има работи што треба да се сменат за да имаме стабилна и функционална држава, силни институции и слаби поединци, зошто инаку загрозена е демократијата.

Јас би требало да бидам една од оние која ќе ги менува работите, истакна синоќа кандидатката за претседател, од коалицијата „Твоја Македонија“,  Гордана Силјановска Давкова на претставувањето на својата предизборна програма пред граѓаните на Кочани.

Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на претседателските избори 2024 година

Бујар Османи: Против руското влијание и корупцијата преку сертифицирање на носителите на јавни функции

Кандидатот за претседател од  коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи вчера на прес-конференција најави дека еден од најважните приоритети на европскиот претседател ќе биде формирање на меѓународен борд.

Бордот би бил составен од претставници од Соединетите Американски Држави, Европската Унија, НАТО и во координација со институциите во земјата кои ќе го направат пре-сертифицирањето на сите носители на јавни функции во две насоки, дали имаат некаква поврзаност со руските интереси и дали се вмешани во каква било форма на корупција.

Бујар Османи, претседателси кандидат 2024 година

Билјана Ванковска: Прво би го раскинала договорот со Бугарија

Прво што би направила е раскинување на договорот со Бугарија, како и отворање на уставна дебата и процедура за промена на целиот Устав, не, како што вели „овде ќе закрпиме, овде ќе залепиме или ќе додадеме“, туку комплетно нов Устав, вели кандидатката на Левица, Билјана Ванковска.

Билјана Ванковска, кандидатка на претседателски избори 2024 година

Арбен Таравари: Претседателот на државата да се бира во собранието

Ние сме парламентарен политички систем. Ако сакаме, ајде да размислуваме и за претседателски систем, меѓутоа за Македонија и генерално во балканските држави, барем според експертите, подобро е да функционира парламентарниот систем.

Претседателот да биде со овие ингеренции што ги има, евентуално може да се зголемат неговите ингеренции во надворешната политика, во неговото влијание врз кохезивноста и врз одредени закони, влијанието во судскиот систем, посочи кандидатот на ВЛЕН, Арбен Таравари во интервју за МИА.

Арбен Таравари, кандидат на претседателски избори 2024 година

Максим Димитриевски: Нема ниту еден човек сериозно да одговара за корупција,  особено од редовите на албанскиот политички партнер во власта

Ние во континуитет само зборуваме за корупција, а вие де факто немате ниту еден човек сериозно да одговара особено од редовите на албанскиот политички партнер во власта за корупција или такви кривични дела.

До сега сето она што се случуваше во континуитет гледаме само една реприза како едните доаѓаат, другите си заминуваат и после четири или осум години, повторно се враќаат истите и владеат потполно исто, вели кандидатот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Максим Димитриевски, кандидат на претседателските избори 2024 година

Стевчо Јакимовски: Јас сум како Вардар, стартувам со минус шест бода

Јас сум како Вардар, стартувам со минус шест бода, се сеќавате кога Вардар го казнија да настапува на наредната фудбалска сезона со минус шест бода. Секаде во секоја држава изборите се најбитното  и најчистото нешто што треба да биде. Ако имаш фер и демократски избори по сите стандарди тоа значи  дека ќе имаш мирен постизборен период, посочува кандидатот на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски, во однос на неговото ставање на американската „црна листа“ во време на кандидирање на претседателските избори.

Стевчо Јакимовски, кандидат на претседателските избори 2024 година

Опожарен билборд на кандидатот Арбен Таравари

Во текот на ноќта помеѓу 6 и 7 април во Град Скопје бил запален билборд на кој се наоѓа рекламен плакат за претседателскиот кандидат Арбен Таравари, соопштија од коалицијата ВЛЕН која побара виновниците да бидат казнети.

Од ВЛЕН посочија дека ќе го заменат билбордот со нов, а покрај од институциите задолжени за спроведување на законот, бараат реакција и од меѓународните набљудувачи.

Подготви: Дијана Тахири во соработка со ЦМТ 

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Маневски: Иднината е во наши раце, да излеземе и да гласаме!

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk