Тричковски е луциден, но тоа не е празна луцидност. Тоа не е помпа или поза, туку е поткрепа, во функција да сепне пред секоја длабока анализа на стварноста.
Во оваа книга ќе прочитате за патриотизмот, оптимизмот, нормалноста, прогресот, модернизмот…ќе прочитате за многу теми кои авторот од димна завеса или матна баруштина ги трансформира во неопластицистичка јаснотија слична на делата на Мондријан.
Како во алувиум се напластени тези поткрепени со комплот од знаења во сите сфери.
Во целина, книгата е еден мајсторски испреплетен амалгам на текстови во кои се чита тескоба од состојбите, детекција на опасностите на (историо)кратијата, но најмногу ревносност и решителност да се ординира јака доза „парацетамол на челото на пациентот“.
Бранко Тричковски е автор на книгата ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ, во издание на Шорткат продукција, најпозната по електронскиот политички весник ФРОНТЛАЈН, чија промоција ќе се одржи во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) на 12 април, со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.