ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Пожарот во Универзална локализиран, две лица однесени на Токсикологија, Герасимовски апелира да не се шират шпекулации за причините за пожарот

April 9, 2024 14:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

По пожарот што претпладнево изби во Универзалната сала, две женски лица биле однесени на Токсикологија, потврди за МИА професор доктор Нико Беќаровски од оваа клиника.

Класично повредени, нема. Има само две женски лица, на средни години, кои се донесени поради мала изложеност на гасови, од соседната зграда. Тие во моментот на настанот, излегле до балкон на кратко, отвориле врата. Станува збор за мала количина на гас. Лицата се добри, по неколкучасовна опсервација ќе бидат пуштени дома, појасни Беќаровски.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески изјави дека уште не се познати причините за пожарот што претпладнево избувна во Универзалната сала во Скопје. Како што рече, причините дополнително ќе ги утврди полициската екипа. Тој напомена дека нема повреденизатоа што во моментот немало градежни работи.

Фото: Фронтлајн

Томески рече дека за кратко време пожарот бил ставен под контрола иако имале висока температура во самиот објект. Како што посочи, вкупно интервенирале со девет противпожарни возила и 24 пожарникари.

-Во 9 часот и 50 минути пријавена е дојава за настанат пожар во Универзална сала. Веднаш беа испратени две противпожарни возила од блискиот потцентар во населбата Тафталиџе коишто уште при доаѓањето забележаа висок столб од чад и веднаш побараа дополнителна помош. За релативно кратко време и благодарение на пожртвуваноста на колегите пожарот беше ставен под контрола иако имавме висока температура во самиот објект. Би сакал да се заблагодарам и на полициските службеници кои ни овозможија побрзо да пристигнеме, како и на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Водовод“ кои се потрудија континуирано да не снабдуваат со вода за да интервенцијата биде што е можно поуспешна, рече Томески.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, соопшти дека екипите го локализираа пожарот на Универзална и апелира да не се шират шпекулации за причините за избувнувањето.
Фото: Фронтлајн

„Пожар избувна во Универзална Сала при што веднаш се упатив на терен. Во моментов екипите на противпожарната бригада го гаснат и пожарот е локализиран. Не постои опасност по другите објекти во близината. Според првичните информации немало никој во зградата. Апелирам граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот додека трае интервенцијата. Исто така апелирам да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации што е причината за пожарот“, пишува Герасимовски.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во објава на Фејсбук, истакна дека на терен се и надлежни органи и стручни лица. Очекуваме првични информации во врска со утврдување на причините за пожарот, обемот на штетата и евентуалната одговорност.

Таа нагласи дека надворешната челична конструкција е противпожарно заштитена и дека салата е осигурана.

„Апелирам до институциите за брзо постапување, да се утврдат фактите што е можно поскоро. Она што е сигурно е дека Скопје ќе има нова Универзална сала. Денешниот инцидент нема да нѐ премисли да се откажеме“, објави министерката Бисера Костадиновска Стојчевска“, потенцира стојчевска.

Пожарот кој ја зафати Универзалната сала како што може да се види и од фотографиите, не и наштети на новата конструкција која остана нечепната.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во неколку наврати побара да се забрза тој процес, токму од безбедносен аспект, да не се дозволи проектот да биде загрозен со тоа што на него подолго време не се работи.

На крајот на минатиот месец, беше поставена нова купола на Универзалната сала, кога продолжи да се реконстуира објектот, откако салата беше преземена од страна на Министерството за култура.

Во проектот е предвидено целосно ново уредување на внатрешноста, но останува да се види колкави се штетите и дали и колку пожарот ќе го одложи финализирањето на реновирањето на Универзалната сала.

МВР денеска соопшти дека се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот во Универзална сала во Скопје.

– Во врска со пожарот, во ПС ОН Центар се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот  и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.

Ј. Ѓ.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаГоран ГерасимовскипожарУниверзална сала
Next Post

Два различни света во кампањата за претседателските избори - Помеѓу ЕУ и желбите за власт!

Shortcut

Најново

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk