ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Државната изборна комисија ги потврди листите со кандидати за пратеници

April 11, 2024 19:25
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
МИА

МИА

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница ги потврди листите со кандидати за пратеници на Парламентарните избори закажани за 8 мај.

Членот на ДИК, Борис Кондарко на почетокот на седницата појасни дека ниеден рок не е доведен во прашање и посочи оти сите рокови ќе бидат запазени и од нивна страна ќе бидат преземени сите активности согласно Изборниот законик. Тој информира дека за утре ја  планираат ждрепката за редните броеви на гласачкото ливче за Парламентарните избори.

-Ова е обемна и сложена операција која бара објективно повеќе време и судовите се реално оптоварени со работа за проверки и постапување за да ни ги доставуваат тие податоци, ја известуваме јавноста да нема забуни дека евентуално се пречекорени одредени рокови. Значи, ДИК е во рамки на предвидени рокови. Се вклопуваме целосно во Роковникот за сите изборни дејствија и што ќе следуваат по утврдувањето на листите, рече Кондарко.

На денешната  95. седница ДИК утврди дека во сите шест изборни единици имаат поднесено листи за пратеници Коалицијата за „Европска иднина“ предводена од СДСМ и Коалицијата, Коалицијата „Храбро за Макеоднија“ преводена од ГРОМ ИНТЕГРА и ПЦЕР, Партијата Македонска Ера Трета – македонски независни листи-суверинисти, политичката партија Левица, Коалицијата „Европски фронт“ – преводена од ДУИ и коалицијата, Коалицијата „Влен“ (Вреди), Коалицијата „Твоја Македонија“ преводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Движењето ЗНАМ За наша Македонија.

Политичката партија Демократи има поднесено листа пратеници во пет изборни единици, политичката партија Аваја во ИЕ 3, 4, 5 и 6, Твоја партија во ИЕ 1, 2, 3 и 4,  Родина Македонија во ИЕ 1, 2, 4 , 5 и 6, а Партијата Единствена Македонија – Европско граѓанско движење има поднесено листа за кандидати за пратеници само за Шестата изборна единица.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека Партијата Нова алтернатива прави корекции и не е уште комплетирана листата, но потенцира дека уште траат роковите за исправки кои треба да ги извршат партиите.

-Неколку листи не можеа да бидат потврдени затоа што не е завршена постапката заради одредени причини кои се однесуваат до политичките партии, а некои до државните органи кои треба да им доставуваат информации, рече Даштевски.

Едногласно беше усвоено Барањето за акредитација за набљудувачи за Претседателските и за Парламентарните изборитеод амбасадите на Унгарија, Холандија и Црна Гора во Скопје, албанскиот сервис на Гласот на Америка, ОБСЕ/ОДИХР Канцеларија за демократски институции и човекови права и Амбасадата на Црна Гора во Скопје –

Седницата на ДИК треба да продолжи по дадената пауза од претседателот Даштевски, со точката за Утврдување на изгледот на гласачкото ливче за изборите за претседател на Република Северна Македонија.

Tags: ДИКкандидати за пратеници
Next Post

(ВИДЕО) Ѓоковиќ не му дозволи на Лоренцо Музети да го победи двапати по ред во Монте Карло

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk