ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ воведе нови правила за ограничување на емисиите на штетни гасови од возилата

April 12, 2024 16:50
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Советот на ЕУ денеска во последна фаза ја усвои Регулативата „Еуро 7“, која претставува единствен правен акт што утврдува правила за ограничувањата на емисиите на штетни гасови од автомобилите, комбињата, автобусите и камионите, како и одредби за издржливоста и животниот век на акумулаторите.

Регулативата поставува правила за емисиите на издувните гасови на возилата, вклучително и за азотните оксиди, но и за други видови емисии, како оние од абразија на гумите и за ослободувањето честички од сопирачките, особено кај електричните возила.

Со правилата, новите автомобили и комбињата што ќе се продаваат во ЕУ од 2035 година треба да имаат нулто ниво на емисии на јаглерод диоксид, при што во периодот од 2030 до 2034 година јаглеродните емисии од автомобилите треба да се намалат за 55 проценти од однос на 2021-та, а од комбињата за 50 отсто.

За автобусите и камионите емисиите на азотни оксиди треба да бидат до 200 милиграми на киловатчас во лабораториски услови и до 260 милиграми на киловатчас во реални услови на возење.

Емисиите на ПМ10 честички од сопирачките кај автомобилите и лесните комбиња треба да изнесуваат три милиграми на километар при електричен погон и седум милиграми на километар кај оние со мотор со внатрешно согорување и кај хибридните возила. За тешките комбиња дозволените емисии на ПМ10 се 11 милиграми на километар.

Издржливоста на акумулаторите кај електричните автомобили и комбиња треба да изнесува до пет години или изминати 100.000 километри, а кај овој тип возила на хибриден погон до осум години или изминати 160.000 километри.

„Еуро 7“ предвидува и возилата да поседуваат „еколошки пасош“, кој ќе содржи информации за неговите еколошки перформанси во моментот на регистрација, како што се ограничувањата на емисиите на штетни гасови и честички, потрошувачката на гориво и електрична енергија, електричниот опсег и издржливост на акумулаторот.

На сопствениците на возилата им се гарантира пристап до ажурирани информации за потрошувачката на гориво, состојбата на акумулаторите, емисиите на гасови и други релевантни информации.

Производителите на автомобили, пак, ќе мора да ги дизајнираат своите возила на тој начин што ќе спречат манипулации со системите за контрола на емисиите преку дигитализација на нивниот мониторинг.

„Еуро 7“ ќе стапи во сила 20-тиот ден од нејзиното објавување во Службениот весник на Европската Унија. Правилата ќе почнат да се применуваат во рок од 30 месеци за нови типови на автомобили и комбиња, 42 месеци за новопроизведени автомобили и комбиња, 48 месеци за нови модели на автобуси, камиони и приколки, 60 месеци за новопроизведени автобуси, камиони и приколки, 30 месеци за новите системи, компоненти или технички единици во автомобилите и комбињата и 48 месеци за уредите што треба да се вградуваат во автобуси, камиони и приколки.

Регулативата „Еуро 7“е дел од Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на Европската комисија и Акцискиот план за нула ниво загадување донесен на 10 ноември 2022 година. Законскиот акт е усогласен со планот на ЕУ за забрана на производство на автомобили и комбиња со мотори со внатрешно согорување по 2035 година. Од друга страна, веќе произведените лесни возила, како и камионите и автобусите мора да бидат усогласени со одредбите за емисии на гасови и честички од „Еуро 7“.

Tags: ВозилаЕУправила
Next Post

Првиот конвој камиони со хуманитарна помош пристигна во Газа преку северниот премин

НАЈНОВО

Фото: Скирншот, АП

Што изјави Зеленски по состанокот со Трамп и европските лидери

August 19, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Заклучоци од средбите на Трамп со Зеленски и европските лидери

August 19, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk