Вицепремиерот Маричиќ во своја објава на Фејсбук напиша дека Тричковски е богатство на македонската творечка и напредна мисла.
Нему и на издавачот Џабир Дерала им ја честита најновата публикација, збирка од сите колумни на Тричковски објавени во изминативе пет години на Фронтлајн.мк.
„Наместо свои зборови, ќе пренесам тука дел од одличните поенти на промоторите на неговата најнова книга, проф. Целакоска, Попов и Дерала:
“Да ве фати мајата на продуктивноста на Тричковски.”
“Тричковски го тера Македонецот да се симне од возот што стои и да се качи на возот што оди напред.”
“Тој пишува со страст и промисленост, го предизвикува статус квото, ги анализира и разобличува протагонистите на национализмот.”, стои во објавата на Маричиќ.