Се одржа промоцијата на најновата книга на Бранко Тричковски – ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ во издание на Шорткат продукција, во чие издание е и електронскиот весник Frontline.mk.
Како и претходната книга „Мојата борба со Македонија“ од Тричковски, се работи за обемно издание. Книгата е на 635 страници! Таа е во издание на Шорткат продукција, најпозната по електронскиот политички весник ФРОНТЛАЈН, каде што Авторот пишува од првиот ден на основањето на 21 септември 2019 година.
Дизајнот на корицата е на познатиот ликовен уметник и дизајнер Зоран Кардула. Графичката опрема на книгата е на тимот на Шорткат продукција. На задната корица се поместени три кратки осврти од Сашо Орданоски, Валентин Нешовски и Џабир Дерала (издавач и уредник). Ќе најдете и кратка биографска белешка со фотографија од Авторот што ја направи познатиот фотограф Чедо Поповски. Во подготовката на овој издавачки проект волонтерски учествуваше целата редакција Фронтлајн.
Пред преполната сала говореа универзитетската професорка Емилија Целакоска, поетот Лазар Попов и новинарот Џабир Дерала (издавач и уредник), како и самиот Автор, Бранко Тричковски.
Настанот се одржа во галеријата Кора во Домот на културата „Кочо Рацин“.
Фотографии: Драгана Басекиќ