ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Во битка со непрегледната пешадија на неписменоста, глупоста, лакомоста и злобата

Творештвото на Тричковски е исукан меч во безмилосен напад врз табуата, лажниот морал, фабрикуваната историја и гротеската на тапоглавците и криминалците во политиката

April 17, 2024 13:00
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Тричковски пишува истовремено со страст и со длабоко промислување. Неговата ерудиција и професионалното искуство зрачат од секој параграф од неговите колумни кои се вистински литературни дела. Тој е бестрашен и бескомпромисен писател кој се соочува со табуата, ги разоткрива невистините и го предизвикува статус квото во општеството.

Многумина го споредуваат Тричковски со големи имиња од историјата и сегашноста во политичкиот и општествениот живот на големи земји. Сјоран и Шарли Ебдо се дел од тие споредби, што ја прават неговата појава и работа подеднакво значајна и влијателна за нашето општество. Тие споредби се ласкави и точни.

Истовремено, покажуваат една наша снисходливост кон големите имиња, култури, јавности и истории, а воедно признавање на нашата маленкост и безначајност.

Мислам дека Тричковски ги заслужува сите тие споредби, но истовремено, мора да констатираме дека тој е неспоредлив. Неговите колумни се своевидни општествени, културни и политички вивисекции кои одат далеку зад тоа што може да се види на прв поглед.

Тричковски поседува ретка способност да ги анализира и разобличува мотивите, изворите и протагонистите на деструктивните, антидемократски и насилнички идеи и однесување во политиката и општествениот живот.

Творештвото на Тричковски е исукан меч во безмилосен напад врз табуата и предрасудите, лажниот морал, фабрикуваната историја и гротеската на тапоглавците и криминалците во политичкото мочуриште. Во неговата супериорна интелектуална лабораторија се разобличуваат носителите на болестите и растројството во општеството, а воедно се нуди вакцина за секоја од тие болести… Тричковски е бескомпромисен и бестрашен, постојано во битка со непрегледната зомби пешадија на неписменоста, глупоста, лакомоста и злобата. Неговиот израз е пребогат и слоевит, а истовремено крајно провокативен, директен, лишен од формалности, флоскули и еуфемизми, на моменти и некоректен. А како поинаку!?

Секогаш кога се соочени со фактите на реалноста и со острите оценки за нивното деструктивно дејствување, овчарите се бранат со „експертизи“ и со „анкети“, барајќи од прогресивниот дел на општеството да ги „докаже“ своите тврдења. И тоа најчесто го прават преку своите канали за комуникација длабоко вкопани во медиумите и невладините и тинк-тенк организации. Тоа е како џелатот да бара од вас да му докажете дека е џелат. Вие сте ја му ја покажале главата од која шишти крв, која џелатот ја отсекол. А тој ви вели дека тоа е лага и дека вие сте предавник.

Таа реалност е околу нас и во нас, но значајни општествени и медиумски вложуваат максимални напори и пари за да фрлат мрежа на очите на луѓето. Тричковски ја разоткрива токму таа реалност. Ја трга густата мрежа од очите, ја соголува лагата и ја прикажува реалноста таква каква што е. Тоа често предизвикуваа болка и чувство на непријатност, но тоа е неизбежно. И слепиот ако прогледа, светот, колку и да сакал да го види, му предизвикува жестока болка.

Јас сум дел од една група интелектуалки и интелектуалци кои со децении се борат да обезбедат слободен и неограничен простор за општествена и политичка дебата, за откривање на фактите, за промислување на реалноста и одбрана на демократските вредности. Затоа сме под постојан напад дека сме предавници и што ти не.

Тричковски е наш омилен автор и инспирација да издржиме на Првата линија.

Јас како издавач и уредник на ова дело, како и на книгата „Мојата борба со Македонија“ издадено во 2021 година, ги сметам за мои лични достигнувања и достигнувања на редакцијата Фронтлајн. Ние, на Првата линија, се гордееме со Тричковски


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бранко ТричковскиПромоцијаЏабир Дерала

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Студентите со нови тактики во трка со српската жандармерија, блокади низ цела Србија

July 4, 2025

Русија стана првата земја што го призна талибанското раководство во Авганистан

July 4, 2025

Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk