ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Ана Пандевска за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028: Да се адаптираат стари напуштени објекти во културни центри!

April 18, 2024 16:16
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Ана Пандевска

Ана Пандевска

Share on FacebookShare on Twitter

Ќе успееме ли за помалку од четири години да направиме Скопје да блесне во сиот свој сјај и да го претставиме во најдобриот културен центар досега, како би можеле пред светот да се гордееме со титулата „Европска престолнина на културата“ во 2028?

Композиторката Ана Пандевска, за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028, во изјава за Фронтлајн вели: Да се адаптираат стари напуштени објекти во културни центри.

„Бадијала ни се сите титули на светов ако секој еден од нас не тргне прво од себе. Може да бидеме прогласени и за светска престолнина на културата ама ако во сржта на народот е втемелена малограѓанштина и примитивизам, титулите паѓаат во вода. Ако секое сабајле на пат кон работа од ‘Буњаковец’ до Градски парк гледам како некој утринските секрети ги плука на улица, без грам срам, џабе му е на истиот тој цела недела да посетува културни настани. Ако сообраќајната култура ни е сведена на нула, зошто секој паркира така како што му одговара, па да може и со автомобилот да влезе внатре во градинката или во школото за да го остави детето, бидејќи, многу е тешко да пешачи нели, без да се замисли дали им пречи на пешаците, велосипедистите, пак ни се џабе титулите.

Е сега, освен основна култура на однесување, доаѓаат на ред институциите. Ама и во тие институции работат луѓе, а не вонземјани. Одговорноста, знаењето, дисциплината како и реализацијата на замислената идеја треба да бидат на самиот врв, за да можеме да се декларираме како европска престолнина. Се плашам дека македонецот ќе најде начин како да ескивира, а да го наполни сопственото џепче со средства од европски фондови. И не за џабе се вртиме во круг 30 и кусур години од самостојноста на МК. Побитно е некој со партиска етикета на чело да профитира, на цена на квалитетот на понудениот производ пред народот. А работа има многу, ако се сака. Толку многу може да се направи, да се тргне од туристички понуди на посетителите на главниот настан во 2028. Да се направи мапа на места за посета, па да се видат од Матка, Кале, Стара чаршија, Сарај… И токму на овие локации да има културни настани. Да се направат програми за инклузивност на лица со инвалидитет или пак, на лица со посебни потреби. Да се удостојат и овие луѓе, пред сѐ да се размисли на пристапноста во објектите за полесно да се социјализира оваа група на граѓани. Да се посвети внимание на помагателите, негуватели кои кај нас добиваат лиценца за работа по двонеделен курс, за жал. Да се зголемат буџетите за истите. Како лице со инвалидитет да посети концерт, кога примањата од државата му се едвај 11.000 денари? 7.000 денари за мобилност и 4.000 денари за туѓа нега. Ако случајно некој има и проблем со видот покрај останатите проблеми не му следува и додаток за слепило. Ете, владетелите сметаат дека многу ќе им дојде. Жално.

Вистинските луѓе треба да ги креираат програмите, особено ваквите комплексни програми кои траат повеќе години. Да се отвориме и меѓународно повеќе, да ни гостуваат музичари, сликари, филмаџии, уметници од сите области. Да се посвети внимание и на детски културни настани. Утре тие деца треба да бидат писмена публика. А ние сме оние кои сега треба да работиме на тоа, што ќе им оставиме во наследство на следните генерации. Има луѓе градски, убави, писмени и културни кои ако се остават да работат можат многу да придонесат. Затоа да се фатиме за работа. Скопје се сака со дела, не со демагогии.

Треба да се размисли на адаптација на стари напуштени објекти во културни центри. Еве, баш минатата година бев гостин во Германија каде напуштена фабрика беше адаптирана во театарски центар. Целиот објект беше реновиран и опремен со концертни сали, театарски сали, канцеларии за вработените. Колку убаво адаптиран и искористен простор, па ете, може и ние да преземеме ваква иницијатива“, изјави Пандевска.

Текстот е дел од 13 изјави на уметници и културни работници собрани во „ризницата“ на темата со наслов: За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола.

Т. Иванова

Поврзано: 

За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола

Tags: Ана ПандевскаСкопје „Европска престолнина на културата“ 2028
Next Post

Кога и новинарските прашања се во функција на поттикнување етничка нетрпеливост

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk