ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Путин не е добредојден на церемонијата по повод 80-годишнината од Денот Д во Франција

Според извештаите, и овој пат француските организатори намерно го изоставија Путин од списокот со покани за церемонијата на Денот Д оваа година, со што рускиот автократ станува сè поизолиран во меѓународната заедница.

April 18, 2024 16:40
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Русија ќе биде поканета да испрати свои претставници на меѓународната церемонија за комеморација на 80-годишнината од Денот Д. На комеморацијата ќе присуствуваат голем број светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, но не и Владимир Путин, поради војната во Украина.

Се наведува дека од Елисејската палата прифатиле дека земјата треба да биде претставена, но истакнаа дека нејзиниот лидер не е добредојден поради тековната војна на Москва против Украина, пренесува Гардијан според соопштението од француските организатори.

„Со оглед на околностите, претседателот Путин нема да биде поканет да учествува на комеморацијата на истоварувањето во Нормандија“, соопшти Организацискиот комитет на Мисијата за ослободување. Меѓутоа, Русија ќе биде поканета да биде претставена за да може да се почитува важноста на посветеноста и жртвите на советските народи, како и нејзиниот придонес во победата во 1945 година“.

Понатаму, се додава дека:

„За разлика од режимот на Кремљ, Франција не води политика на историски ревизионизам“.

„Историски гледано, Франција секогаш ги поканувала земјите чии контингенти слетале во Нормандија да учествуваат на церемонијата. Во минатото, поканата беше упатена и до Руската Федерација“, изјавија организаторите во вторникот.

Не беа дадени дополнителни информации, а на изјавата не реагираа од руската амбасада во Париз и официјален Кремљ и не посочија дали поканата ќе биде прифатена.

Сепак, руската државна новинска агенција ТАСС во вторникот вечерта соопшти дека: „Засега не добивме официјални покани од француската страна“.

Прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков исто така посочи дека Кремљ не добил таква покана, додека самиот Путин сé уште јавно не се произнесе за ова омаловажување.

Предходно, Путин беше поканет и присуствуваше на церемонијата за одбележување на 70-годишнината од денот Д и покрај руската анексија на Крим неколку месеци претходно. По комеморациите во јуни 2014 година, Путин и тогашниот украински претседател Петро Порошенко се сретнаа во Елисеј на разговори откако Москва го поддржа прорускиот бунт во источна Украина.

Тогашниот француски претседател Франсоа Оланд тогаш изјави:

„Можете да имате разлики во мислењата со Владимир Путин, но јас никогаш не заборавив и никогаш нема да заборавам дека рускиот народ даде милиони животи“.

Советскиот Сојуз изгуби повеќе од 27 милиони луѓе за време на војната – со 8,7 милиони воени и 19 милиони цивилни жртви.

Како што пренесува Политико, ова не е првпат Путин да биде омаловажуван од сличен настан. Тој не беше поканет ниту на 75-годишнината од Денот Д во 2019 година, каде што присуствуваа личности како Тереза Меј, кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс, Ангела Меркел и Доналд Трамп.

Според извештаите, и овој пат француските организатори намерно го изоставија Путин од списокот со покани за церемонијата на Денот Д оваа година, со што рускиот автократ станува сè поизолиран во меѓународната заедница.

Само неколку африкански лидери присуствуваа на неговиот самит во Русија минатата година, а една година предходно тој беше оставен да чека од турскиот претседател веднаш откако ја нападна Украина.

.Во јуни 1944 година, сојузничките трупи извршија десант на плажите во Нормандија под контрола на Германија на почетокот на копнената инвазија на континентална Европа која заврши со победа над нацистите во 1945 година.

Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Владимир ПутинДенот Дкомеморација
Next Post

Министерството за здравство со позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите

НАЈНОВО

Србија се сеќава на 5 октомври: 25 години од падот на Милошевиќ

October 5, 2025
Фото: Укринформ

Руски напади во Украина: Двајца убиени во регионот Лвив, едно лице загина, деветмина повредени во Запорижја

October 5, 2025
Бујар Османи

Османи отвора општинска народна кујна во Топана во соработка со хуманитарните организации

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk