Носителот на Изборната единица 4 од коалицијата предводена од СДСМ, д-р Венко Филипче, се огласи по прозивките на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ кој во јавноста изнесе низа тврдења за докторот. Филипче целосно ги демантира.
Во својот статус објавен на Фејсбук, Филипче наведува дека Николоски нема политичка култура, а во отсуство на идеи се служи со напади и навреди коишто не се вистина.
„Не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач. Ваквото озборување упатува на целосно отсуство на идеи и концепт во оваа кампања, па Николоски со навреди се обидува да добие политички поени“, вели Филипче.
Докторот го потсетува Николоски дека Државната комисија за корупција има донесено одлука според која тој не поседува хациенда на Водно и најави дека на лагите пласирани со страна на Николоски ќе одговори со тужба за сите изнесени тврдења.
Филипче одговара и на тврдењата на Николоски дека работи од 14 години сакајќи да го оправда фактот дека нема ниту еден ден реален работен стаж.
„ На 14 години можеби единствено што можел да работи е лепење плакати“, пишува Филипче.