ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Пендаровски: Првиот круг од гласањето на 24 април ќе го најави победникот на 8 мај

April 22, 2024 20:06
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва изјави дека не се согласува со одредени анкети според кои Гордана Силјановска-Давкова е фаворит и дека би победила во првиот круг. Тој истакна дека првиот круг на гласање, в среда на 24 април, ќе го најави победникот на 8 мај.

– Јас мислам дека во првиот круг во однос на разликата, се разбира од почит кон другите кандидати не кажувам кои се двајцата фаворити, меѓутоа јас мислам дека со седуммина во трка и го знаете идеолошкиот, политичкиот профил на секој од нив, никој не е сосема нов – разликата меѓу првите двајца ќе биде многу мала. Значи нема да биде 100 илјади или над 100 илјади, што е добро за неизвесноста во вториот круг. И ако биде мојата позиција, евентуално број 2, на крајот, а не број 1 во првиот круг, знаете дека првиот изборен круг за претседател е само загревање за вториот круг кога конечно се решава, потенцираше Пендаровски вечерашното издание на  „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Кога граѓаните одбираат меѓу седум кандидати за претседател, вели тој, невозможно е разликата меѓу двајцата што ќе влезат во вториот круг да биде со троцифрен број, како што сака да верува ВМРО-ДПМНЕ.

– Има една индикативна работа. ВМРО-ДПМНЕ и во однос на парламентарните избори постојано се расфрла со бројки на пратеници – блиску сме до 61, дајте ни уште малку поддршка, наближуваме 61, па лицитира 55, 57 итн. А за претседателските избори лицитира со 100 илјади гласа разлика, најмалку 100 илјади. Па повикува, прашува дали ќе се откажам, ако биде таква разликата. Меѓутоа индикативно е дека никогаш не кажува како ќе биде разликата на крајот и кој ќе биде победник на крајот,  рече Пендаровски.

Според него, излезноста на граѓаните во вториот круг ќе биде поголема поради совпаѓањето со парламентарните избори. Пендаровски истакна дека првиот круг на гласање, в среда на 24 април, ќе го најави победникот на 8 мај.

Пендаровски одговарајќи на прашање зборуваше и за неговата заложба за нов реализам на патот кон ЕУ, односно инсистирање преговорите да се водат согласно методологијата за сите земји кандидатки и само за прашања што се во согласност со европските вредности.

– Тоа во пракса значи немојте повеќе да ни го правите ова како со Грција и Бугарија, дајте да разговараме за европски критериуми, за владеење на право, за професионална администрација, слобода на медиуми, човекови права, борба против корупција. Тоа е повеќе наша заложба и мое политичко кредо, да се сообразиме со реалноста, Балканот и ние предолго чекаме, со овој статус сме практично 20 години, рече Пендаровски.

ЕУ, посочи тој, пред некој ден конечно го усвои Планот за раст на Западен Балкан во кој има милијарди евра пари на располагање кои би ги имале пред да бидеме членка на ЕУ.

– Има една нова формулација која ја користи за кандидатите, тоа значи уште пред да бидеш членка на ЕУ, онаму каде што ќе ги поминеш поглавјата да можеш веднаш да седиш на масата во Брисел, без право на глас, но да можеш да кажеш што мислиш и да дадеш предлог, рече Пендаровски.

Во таа насока, тој образложи дека е потребно ефикасно користење на средствата за економски и социјален развој од новиот План за раст на западниот Балкан на ЕУ, како и постојана соработка со институциите на ЕУ во делот на развојот на инфраструктурата, зелената транзиција и заштитата на животната околина и справувањето со климатските промени. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Избори 2024прв кругСтево Пендаровски

НАЈНОВО

Муцунски: За жал, и во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат

July 2, 2025

Минчев: Јавната администрација веќе не е заштитена зона за привилегирани, туку сервис на граѓаните

July 2, 2025

Доаѓа топол бран – од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk