ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија

April 23, 2024 09:53
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ донесе „Одлука за склучување на Договор за стратешко партнерство меѓу Европската Унија и нејзините земји членки со Јапонија“, со што се овозможува стапување во сила на првата билатерална рамковна спогодба меѓу двете страни.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со Договорот се воспоставува сеопфатна рамка за засилување на политичките и секторските врски меѓу ЕУ и Јапонија, со што се обезбедува поблиска политичка и економска соработка за голем број билатерални, регионални и мултилатерални прашања.

Согласно Договорот, ЕУ и Јапонија се обврзуваат да работат на зајакнување на глобалниот поредок заснован на правила и на одбрана на заедничките вредности и принципи, како што се владеењето на правото, демократијата, почитувањето на човековите права, отвореноста на пазарите и обезбедувањето слободна и фер трговија.

– Договорот ја поставува основата за интензивирање на консултациите и координацијата во мултилатералните форуми. Страните се обврзуваат да работат заедно за да го одбранат мултилатералниот трговски систем заснован на правилата на Светската трговска организација, да го промовираат спроведувањето на Парискиот договор за климатски активности и да работат на имплементацијата на глобалните цели за одржлив развој, информира ЕУ.

Во однос на билатералната димензија, Договорот ќе им овозможи на Унијата и на Јапонија да ја унапредат безбедносната соработка, заеднички да се справуваат со тероризмот и сериозните меѓународни злосторства и да го спречат ширењето на оружјето за масовно уништување. Дополнително, Договорот треба да придонесе за зајакнување на соработката во повеќе сектори, како Вселената, информатичките и комуникациските технологии, индустријата, енергијата, транспортот, образованието, истражувањето и иновациите.

Со договорот се предвидува и создавање на Заеднички комитет за координација на партнерството, кој ќе претставува форум за дискусија за сите прашања опфатени со спогодбата, како и за решавање на евентуални спорови.

Договорот за стратешко партнерство меѓу Европската Унија и Јапонија беше потпишан на 17 јули 2018 година во Токио. Европскиот парламент го одобри на 12 декември истата година, но целокупната ратификациска постапка се одолговлече во земјите членки на ЕУ. Конечно, последната ратификација на документот во членка на Унијата беше извршена на 5-ти овој месец, со што се трасираше патот за носењето на Одлуката на Советот на ЕУ за склучување на Договорот.

Tags: ЕУЈапонија
Next Post

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад

Shortcut

Најново

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk