ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пет случаи на фотографирање на гласачкото ливче, регистрира МВР

April 24, 2024 18:37
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ХРОНИКА
Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во текот на денешниот изборен ден регистрирало пет случаи во кои гласачи го фотографирале гласчкото ливче во Радовиш, Скопје, Охрид и Берово. Претходно МВР информираше за уште два вакви случаи, за изборен материјал оставен на автомобили, за исцртани графити на две локации и за пронајдена испукана димна бомба на едно избирачко место.

-Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место  број 1602 С.А. од село Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат попладнево од МВР.

Случај на фотографирање на гласачкото ливче е регистриран и околу 12.15 часот, кога е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во денешното соопштение од МВР.

Претходно портпаролот на МВР Тони Ангеловски информираше дека МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, како што рече, генерално, се одвива мирно, без проблеми.

На прес-конференцијата покрај петте случаи на фотографирање на гласачките ливчиња за кои попладнево соопшти МВР, Ангеловски информираше за уште две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Во село Бучим, радовишко, пак, од страна на претседателот на избирачки одбор било пријавено дека едно лице му го покажало гласачкото ливче на еден набљудувач.

Портпаролот на МВР соопшти и дека на подрачје на општина Чаир во Скопје на паркирани возила биле оставани летоци во врска со изборниот процес, а на две локации во Скопје се забележани испишани графити.

-На едно гласачко место во Скопје, покрај испишан графит, околу 06:30 часот претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека во ходникот била пронајдена испукана димна бомба. Од страна на полициски службеници се преземени потребните мерки и активности и гласањето и на ова избирачко место се одвива непречено, рече на прес-конференцијата Ангеловски.

Како што истакна, МВР апелира граѓаните и учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето на овој изборниот ден да се воздржат од инциденти, а доколку се забележи какво било нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.

Tags: гласачко ливчеМВР
Next Post

Прес на ЦИВИЛ: Кршење на изборниот молк во Пласница и други нерегуларности

НАЈНОВО

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025
Скриншот

Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци, се прибираат траги и докази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk