Изборниот ден тече мирно, со одредени исклучоци. Мобилните набљудувачи на ЦИВИЛ бележат нарушување на изборниот молк и неколку други, помали нерегуларности.
Во општина Пласница, се бележи случај на кршење на изборниот молк, со агитација на избирачкото и околу избирачкото место.
Во Куманово, поради нефункционирање на фингерпринтот едно лице се откажало од правото на глас и си заминало.
Во Куманово, член од Избирачкиот одбор гласно коментирал дека набљудувачите на Цивил земаат многу пари.
ЦИВИЛ ја одржа третата прес конференција во 15 часот, со информации од мониторингот од 14:30 до 17 часот.
Што се однесува до излезноста, според ДИК, до 15 часот гласале 35,89 % од гласачите.
Цивил Медиа Тим