ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Стано: Целта на ЕУ е да им помогне на Белград и Приштина да почнат да се однесуваат европски

April 29, 2024 13:53
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Од досегашното искуство од работата на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, Унијата научи дека ако страните во еден спор не сакаат напредок, никој не може со сила да ги натера на тоа, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни односи и одбранбена политика Петер Стано.

– Нашата улога како олеснувач во дијалогот меѓу Белград и Приштина е да олесниме, да им помогнеме да станат Европејци и да почнат да се однесуваат на европски начин за да најдат компромисни решенија за прашањата кои се важни за нивните граѓани, истакна Стано во одговор на новинарско прашање за оценка на работата на Лајчак, кој од септември заминува на должноста евроамбасадор во Швајцарија.

Според Стано, тоа што Србија и Косово досега не успеаја да постигнат напредок во дијалогот и во имплементацијата на договорените обврски не претставува неуспех на ЕУ или на посредникот Лајчак, туку нивни неуспех да испорачаат.

Стано додаде дека тоа што ЕУ именува специјален претставник за дијалогот е показател за важноста на ова прашање за Унијата и нејзината желба да им помогне на двете страни да остварат напредок на дневна основа.

– Затоа не може да се каже дека досегашните резултати се неуспех на Лајчак. Тој го стори најдоброто што го можеше во името на високиот претставник, во името на ЕУ, со целосна поддршка на сите 27 земји членки. Не е коректно за нешто да се каже дека е неуспех, затоа што двете страни не го потпишаа Охридскиот договор, рече Стано.

Тој додаде дека Охридскиот договор и имплементацијата на останатите договорени одредби е дел од обврските на Србија и Косово поврзани со процесот на нивната евроинтеграција.

-Ако не постигнат напредок во имплементација тие се нанесуваат штета сами на себе, на својата европска иднина и на придобивките што би ги добиле нивните граѓани, додаде Стано.

Во однос на именувањето на наследник на Лајчак, Стано истакна дека за тоа постојат процедури во рамките на ЕУ, но дека засега не може да даде конкретна временска рамка дали и кога би бил именуван нов претставник за дијалогот.

– Можам само да кажам дека до истекот на мандатот на актуелниот претставник Лајчак ќе информираме за нашите идни планови, рече портпаролот на ЕК.

Сепак, според Стано, дури и да не биде именуван нов специјален претставник, тоа не значи дека ЕУ ќе се откаже од својата заложба за да помогне во олеснување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– Секој олеснувач или посредник ќе ви каже дека нивото на успех зависи од расположението и волјата на страните за компромис. Тоа е нешто што ние го правиме и, повторувам, нема да се откажеме, но можеме да понудиме онолку, колку што тие се подготвени да прифатат, заклучи Стано.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БелградЕУПриштинаСтано

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп го скрати рокот од 50 на „10 или 12 дена“ за Путин да се согласи на договор за Украина

July 28, 2025

Сем Алтман: Разговорите со ChatGPT за лични проблеми не се правно заштитени

July 28, 2025

Си-Ен-Ен: Нетанјаху е заглавен во криза што самиот ја создаде во Газа

July 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори на хоризонтот: ВМРО-ДПМНЕ без кандидати во албанските општини; партиите на терен пред официјалниот старт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еврокомисијата утврди дека „Тему“ продава нелегални и несоодветни производи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Нема да воведуваме санкции против Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk