ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Интеграција наспроти изолација; Тетово-град на митинзи; контаминирана реторика; СТОП за насилството и национализмот

April 30, 2024 16:48
in PMD, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Останува уште точно една недела до одржување на парламентарните избори во Република Северна Македонија, кампањата на учесниците во изборниот циклус е во полн ек, со вжештена реторика, предвидлива динамика и „непредвидливи“ акции.

Спротивставени програми, условувања за коалиции, прогрес во ветување, судири во време и простор, навреди и закани – се ова може да се најде во обраќањата на „натпреварувачите“ во овие избори.

Веќе се наѕира и агендата на одредени политички опции, чии поддржувачи почнаа да упразнуваат насилство врз граѓани.

Во продолжение е изборот на најважните случувања од кампањата за парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април.

КАМПАЊА

СДСМ  не се откажува од патот во ЕУ

„Ви гарантирам, СДСМ заедно со вас, со граѓаните ќе ја внесе земјата и во ЕУ и од тоа нема да се откажеме. И јас, но и сите ние во СДСМ, можеби ја плаќаме цената на тешките одлуки, но тоа не смее да не одврати од идејата за прогрес и за суштински напредок на државата. Македонија мора да биде европска земја и нема друг начин како да се направат вистински и опипливи промени дома“, рече меѓу другото лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски синоќа на граѓански митинг во Неготино.

ВМРО –ДПМНЕ  подава рака за коалиција, но не безусловно

„Мора да признам и да кажам дека не сум задоволен од тоа што поединци коишто се декларираат како опозиција ги убедуваат граѓаните дека тие требало да гласаат за нив, бидејќи тие секако ќе биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Ние подаваме рака, но, тоа не значи дека ќе се случи безусловно и тоа треба секој еден граѓанин во Македонија да знае без разлика на етничката припадност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски на митингот во Куманово.

ДУИ нуди интеграција наспроти изолација

„Сега имаме две филозофии, интеграција и изолација. Ние сме за мир, ние сме за стабилност, ние сме за најголема безбедност, ние сме за иднината, ние не сакаме да ја враќаме болната историја, на неа треба да се сеќаваме, но да не ни се повтори, да ја изградиме иднината. Нашата иднина е во ЕУ, нашата иднина е 0 проблеми со соседите, да работиме како што сме работеле досега, како што го решивме проблемот со Грција, и како резултат, станавме членка на НАТО, со што обезбедивме многу голема безбедност на нашето место“, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети на  собирот во општина Теарце.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

„Европски фронт“ и „ВЛЕН“ ќе одржат митинзи на ист датум и на исто место – чиј е планот и кој прв „ќе попушти“?

ДУИ – „Европски фронт“, и коалицијата „ВЛЕН“ најавија завршни митинзи на предизборната кампања за парламентарните избори, на ист ден ( 6 мај), на плоштадот „Илирија“ во Тетово, што предизвика судир помеѓу двете спротивставени коалиции.

Од ДУИ и „Европски фронт“ вчера  излегоа со соопштение, во кое се наведува дека објавувањето на датумот и местото на одржувањето на завршниот митинг на опозицијата (ВЛЕН) е ненадејно, пред два дена, откако тие една недела претходно најавувале дека и нивниот митинг ќе се одржи на истото место и на ист датум, и го карактеризираа чинот како чиста провокација.

Колку поблиску до денот на изборите, толку поконтаминирана станува политичката реторика

Од коалицијата ВЛЕН денеска реагираа на соопштението на  „Европски фронт“, нарекувајќи ги нивните најави провокативни и измамнички, бидејќи, како што велат од ВЛЕН, тие уредно упатиле барање до општина Тетово од каде на 18 април е дадена согласност за датумот (6 мај) и местото на одржување на завршниот митинг.

Политичката сцена во земјава колку повеќе се приближува до изборниот ден за нов парламентарен состав, толку повеќе се вжештува реториката на политичките експоненти.

Поаѓајќи од декларациите дека може да се формира влада и без Албанците, доколку албанските партии инсистираат на промена на Уставот со вградување на бугарското малцинство во Уставот, како дел од преговарачката рамка за почеток на преговорите со ЕУ, па се до тоа дека е прекршен принципот „победник со победник“ за владино коалиционирање.

Комити претепале две момчиња во Ченто

Двајца момци од населба Сингелиќ (Ченто) брутално претепани од група на хулигани. Напаѓачите се дел од навивачката група “Комити”, објави ПорталХ.

На Фејсбук страницата „Комити Ченто“ на 19 април 2024 (девет дена пред физичкиот напад) е објавена фотографија со неколку момчиња кои држат транспарент „Чентовци подготвени за јуриш!!!“, со дополнителен коментар „Ченто е подготвено, се чека знак за јуриш!“.

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години. Конкретно, повод за оваа остра осуда е најновиот инцидент каде што две момчиња од населба Сингелиќ (Ченто) се брутално претепани од навивачката група „Комити”. Девет дена пред физичкиот напад, „Комити Ченто“ најавија дека „Ченто е подготвено, и се чека знак за јуриш!“.

Се поставува прашањето кој и зошто во време на изборна кампања даде „амин“ за јуриш!? Јасно е како ден дека насилството и омразата по етничка и верска линија се најефикасните и најевтините инвестиции во политичката кариера на добро познати ликови. Радикалните структури во земјава непречено и неказниво шират омраза по етнички, верски и политички основи, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.

Подготви: Дијана Тахири во соработка со ЦМТ / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Палестинското Министерство за здравство тврди дека 57 деца во Газа починале од глад

May 13, 2025

Калас: Русија реално не е заинтересирана за мир во Украина

May 13, 2025

Над 60 милиони туристи лани ја посетиле Италија

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk