ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Водечки европски компании побараа „паузирање“ на Законот за вештачка интелигенција на ЕУ

July 3, 2025 14:33
in ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршните директори на 46 европски големи компании денеска упатија отворено писмо до Европската комисија со кое бараат запирање на имплементацијата на  Законот за вештачка интелигенција на ЕУ.

– Ја повикуваме Комисијата да предложи двегодишно „паузирање“ на Законот за вештачка интелигенција, пред да стапат во сила клучните обврски од него, се наведува во писмото, меѓу чии потписници се и првите луѓе на „Ербас“, „Тотал “, „Луфтханза“, АСМЛ и „Мистрал“.

Во писмото компаниите посочуваат дека „нејасните, преклопувачките и сложените“ одредби на регулативата ги ограничуваат нивните можности за работење во Европа.

Според потписниците на писмото, паузирањето би сигнализирало дека ЕУ е сериозна во врска со плановите за поедноставување на процедурите за иноваторите и инвеститорите и за зајакнување на конкурентноста.

Компаниите бараат одлагање на стапувањето во сила на општите одредби од Законот за вештачка интелигенција, чија примена треба да почне од 2 август годинава, кои, според нив, би почнале да се применуваат од август 2026 година заедно со останатите правила.

Изминатиов период зајакна притисокот на повеќе фирми, пред се на технолошките гиганти, за измени на Законот, а и самата Европска комисија најави негово преиспитување во рамки на мерките за „административно поедноставување“, односно за намалување на бирократските процедури со цел да се олесни работата на компаниите и да се поттикне развојот на економијата во ЕУ.

Извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен на почетокот на неделава изјави дека се разгледува идеја за запирање на имплементацијата на општите одредби од Законот за вештачка интелигенција до крајот на август, за да се даде дополнително време за подготвување на упатствата за спроведување на законската регулатива.

Законот за вештачка интелигенција на ЕУ, кој е прва сеопфатна законска регулатива во светот за оваа технологија, е дизајниран да гарантира дека вештачката интелигенција развиена и користена во Унијата е безбедна и доверлива и дека се преземени мерки за заштита на основните права на луѓето.

Со Законот се воспоставуваат стандарди за обезбедување минимален ризик при користењето на системите за вештачка интелигенција и за нивна целосна транспарентност. За оние системи за вештачка интелигенција што се идентификувани како високоризични се предвидени строги барања, кои меѓу другото вклучуваат и мерки за намалување на ризикот, евиденција на активностите, комплетна документација, човечки надзор и кибер безбедност. Во оваа високоризична група меѓу другите се вклучени и системите за вештачка интелигенција што се користат за утврдување или проценка дали некој субјект има право да добие кредит, како и алгоритмите кои управуваат со автономни роботи.

Со Законот се забранува користење на системи за вештачка интелигенција кои се сметаат за „јасна закана за основните човекови права“, како што се апликации за манипулирање со однесувањето на луѓето, играчки кои со гласовна помош можат да поттикнат „опасното однесување“ на малолетниците, како и системи кои овозможуваат „социјално оценување“ од владите или компаниите. Се забранува употреби на системи за препознавање емоции на работното место, за категоризација на луѓе или за биометриска идентификација на далечина во реално време.

Законот воспоставува и правила за т.н. модели со вештачка интелигенција за општа намена, кои се повеќе се користат како компоненти на современите апликации, потоа обезбедува транспарентност долж целиот синџирот на вредност и предвидува решенија за можните системски ризици.

Тој официјално стапи во сила лани во август, а до 2 август 2025 година земјите членки на ЕУ треба да почнат со примина на основните одгредби, кои меѓу другото предвируваат и формирање на национални надлежни органи, што ќе ја надгледуваат примената на правилата за системите за вештачка интелигенција и ќе вршат активности за надзор на пазарот.

Next Post

Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 - дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk