ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украден идентитет од порно ѕвезда во пропаганда за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска – Како функционираат партиските ботови?

April 30, 2024 12:29
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Интернет партиските ботовите на социјалните мрежи не се феномени што се јавуваат инцидентно. Тие се систематски креирани лажни профили што делуваат наменски. Ако сакаме да ја разбереме феноменологијата на ова појава што се засили со појавата на социјалните мрежи ќе ни треба цела студија.

Една позајмена дефиниција вели дека „во преносно значење, партиски ботови се нарекуваат членовите на политички партии (обично оние пониските) кои за мал надоместок пишуваат афирмативни коментари на социјалните мрежи во корист на својата партија или нејзиниот водач, користејќи најчесто црна пропаганда со говор на омраза кон неистомислениците. Ваквите активности се најизразени во текот на предизборните кампањи“.

Партиските ботови на социјалните мрежи скриени зад измислени имиња и идентитети, безкрупулозно напаѓаат со пропаганда и говор на омраза кон неистомислениците.

Коментарот на измислен Фејсбук профил со име Jovanka Petkovska Kisheshlover, ставен на објава на Фејсбук страницата на Фронтлајн е она што поттикна со еден пример да се демистифицара како функционираат партиските ботови.

Снимка од екран од објава на Фејсбук страницата на Фронтлајн

Од она што може да се види се работи за фејсбук профил отворен во октомври 2015 година.

Ако го пребарате изворот на профилната фотографијата (лесно, со десен клик на фотката) откривате дека се работи за украдена фотографија на извесна порно ѕвезда Kendra Lust.

За да имате претстава за каква систематска пропаганда се работи, треба  да се забележи начинот на кој овој лажен профил на ботот е одржуван уште од 2015 година.

Од почетокот до денес, има постирано стотици фотографиии и сите се украдени фотографии од иста личност – од порно ѕвездата Kendra Lust, потпишани како да се на Jovanka Petkovska Kisheshlover, проследени со краток текст на фотографијата што обично е нешто секојдневно.


Под секоја објава има стотина импресии. Така ботот, со провокативни фотографии, намамува публика на фејсбук профилот.

После неколку вакви и слични објави, следува целта на пропагандата на лажниот профил, од која може лесно да се забележи дека се работи за партиски бот кој работи во корист на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната кандидатка за претседател на државата Гордана Силјановска.


Начинот на објави (неколку провокативни фотографии од порно ѕвездата, па пропаганда од ВМРО-ДПМНЕ), се влечи од почетокот на отворањето на лажниот фејсбук профил на ботот именуван како Jovanka Petkovska Kisheshlover, до денес.

За да се долови некоја локална автентичност ботот често користи и фотомонтажи

Фотомонтажи со експлицитниот говор на омраза и дисквалификациите по партиска или друга основа се најчестите објави, но доминираат и етничката и верска нетрпеливост.


Колку партиски ботови на социјалните мрежи виреат може само да претпоставиме, ги среќаваме секојдневно но не им придаваме големо значење.

За разлика од обичните партиски ботови, она што обрнува посебно вимание е дека во овој случај се работи за професионално водење на партиска кампања од страна на бот што влече корен безмалку цела деценија.

Јане Ѓорѓиоски

Tags: дезинформациипартиски ботпропаганда
Next Post

Израел ги намали своите барања до Хамас, се зголемува надежта за нови разговори за прекин на огнот во Газа

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk