ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Каде е Џабир Дерала?

May 2, 2024 12:32
in ESPRESSO, PMD, ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: ЦивилМедиа

Фото: ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Кампањата со омраза, навреди и лаги против мене продолжува. Интересно е да се забележи дека секогаш кога организацијата што ја претставувам излегува со супер видливи и влијателни содржини и пораки, таа кампања се засилува. Така, иницијативата за промоција на правото на глас, извештаите од изборниот мониторинг, анализите на руските хибридни тактики и пораките за ставање крај на етнички мотивираната омраза и насилство, како и редовното известување за руската агресија против Украина и демократскиот свет – секогаш добиваат „амин за јуриш“.

„Јуришните одреди“ на антизападната, националистичка пропаганда не се особено креативни. Нивните напади се примитивни и простачки, а дозата на лаги и потпалувачки говор и закани се јасни и целосно разуздани, лишени од манири, писменост и смисла. Чиста омраза.

Јас сум малку на социјалните мрежи. Веројатно не трошам повеќе од 15-20 минути дневно на сите заедно: Фејсбук, Х, Инстаграм, Тред, Редит, Телеграм, ТикТок… Да, имам профили на сите тие платформи, па и повеќе. Неспоредливо повеќе screen time трошам на Вашингтон Пост и другите претплати што ги имам.

Сепак, една од моите работни задачи е да бидам информиран за трендовите, наративите и главните пораки на сите учесници во јавната и политичката комуникација. За тоа се грижи вредниот мониторинг тим на ЦИВИЛ. Тие ги следат содржините на социјалните мрежи и во медиумите, ги архивираат дезинформациите и говорот на омраза, ги анализираат и прават дневни извештаи. Па, меѓу другото, читам дека повторно споделуваат скен од мојата лична карта, како и во 2017 година, за што и тогаш, а ниту сега, институциите не мрднаа со прст.

Секој ден ми се закануваат дека ќе ме убијат (никој со прст не мрдна)… И така во недоглед. Секој ден, секоја ноќ.

За да биде повесело, денеска ќе одберам еден „спонтан“ разговор на социјалните мрежи што беше забележан во еден од извештаите од архивата на ЦИВИЛ. Заканите по мојот и животот на моите колешки и колеги ќе ги изоставам, не сакам да им придавам поголемо значење од тоа што го имаат.

„Каде е Џабир Дерала“, прашува еден мој „фан“ (анонимен, се разбира). Па онака „спонтано“ се редат одговори од други мои „фанови“ (анонимни), каде што се вели дека се кријам и слично. На крајот од тој „спонтан“ дијалог, еден/една вели „него прв ќе го апсиме“.

Зошто се прашуваат каде сум? Пораката е дека сум невидлив или исплашен. Целосно неточно, по сите основи.

Десетици илјади луѓе ги гледаат моите видео пораки деновиве, речиси секој ден пишувам текстови што допираат до исто толку луѓе, учествувам на панел дискусии, давам изјави за домашни и странски медиуми, организации и универзитетски центри, моите анализи и опинион текстови се дел од неколку њузлетери што слетуваат во инбоксот на илјадници луѓе – а тие прашуваат „каде е Џабир Дерала“.

Иако изгледа смешна, оваа комуникација не е наивна, особено затоа што е само една од стотиците слични, но и многу повеќе насилни закани што се упатуваат буквално секој ден на моја и на адресата на прогресивните поединци и групи во земјата. „Спонтаноста“ тука е проѕирна маска. Не се толку вешти, ниту пак креативни за да постигнат ефект. Одамна се прочитани.

Да погледнеме во каков амбиент се одвива оваа кампања. Што (не) прават оние што се платени за справување со ова зло?

Судовите и полицијата, саморегулаторните и регулаторните тела, организациите за човекови права, државните агенции и комисии – со ретки исклучоци – пропуштија да одговорат соодветно на хибридните напади и грамадните бранови од лаги, теории на заговор, омраза и закани по животот на јавните интелектуалци и прогресивните медиуми и граѓански организации.

Зошто молчат?

Некои молчат (или не постапуваат) од страв. Други затоа што доброволно или заради пари носат руска „ушанка“ и чие политичко и идеолошко срце бие во Кремљ. Трети се изнедрени од генерациите националшовинисти кои беа негувани со децении наназад. Дел од нив (не мал) се добро платени за тоа што (не) го прават. Затоа молчат.

Каде се?

Можете да ги најдете во сите политички, академски, медиумски и граѓански ентитети низ целата идеолошко политичка палета во општеството.

Ги има и во полицијата.

Но мене нема да ме замолчат. Едноставно е:

Можат да го убијат човекот, но не можат да го убијат зборот. Колку и да лажат, лагите ќе испарат пред вистината.

Се кријат зад титулите или таблите со натписи на институциите во кои ги товат своите мешини и смрдливи души.

Но светлината на прогресивните идеи ќе ги спржи и ќе ги фрли во мрачниот амбис на срамот и заборавот.

Што и да направат, што и да напишат – не вреди – бадијала потрошени пари и време.

Институциите нема да постапуваат, судовите ќе судат во нивна корист – залудно.

На слободата, правдата и вистината не може да им се суди. Слободата и правдата го ставаат последниот печат на пресудата на времето и историјата. Сѐ друго е тегобен заборав во кој тие ќе потонат.

И сега: Каде е Џабир Дерала?


Текстот е личен став на Авторот.

ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post
Урсула фон дер Лајен

Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk