ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На парламентарните избори има 1755 кандидати од кои 1002 мажи и 753 жени

May 6, 2024 15:17
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Единаесетите парламентарни избори во земјава ќе се одржат во среда. Ова се редовни парламентарни избори што се спроведуваат истовремено со вториот круг од претседателските избори.

Избирачите ќе може да гласаат со заокружување на еден од редните броеви пред 17-те листи на кандидатите за пратеници. Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија.

Се гласа во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за одредени изборни единици. На изборите има 1755 кандидати од кои 1002 мажи и 753 жени.

Во Собранието на Република Северна Македонија се избираат од 120 до 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на Републиката е поделена на шест изборни единици. Во секоја се избираат по 20 пратеници, а тројца
пратеници се избираат според пропорционалниот модел во една изборна единица
која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија. На овие избори нема гласање во дијаспората така што бројот на пратеници што ќе се избира ќе биде 120.

Гласањето и за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори започнува во 7 часот и трае до 19 часот. Граѓаните во текот на денот ќе можат само еднаш да дојдат на избирачкото место и да гласаат за двата вида избори или пак, само за претседателските или само за парламентарните избори. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбир ги доставува до ОИК во рок од
пет часа по завршување на гласањето. По спроведените избори за пратеници, ОИК ги сумира резултатите од гласањето на листата на кандидати, составува записник и заедно со целокупниот изборен материјал го доставува до ДИК веднаш, а најдоцна до 12 часа од завршување на гласањето.

Првичните резултати од изборите добиени по електронски пат, Државната изборна комисија ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Конечните резултати, Државната изборна комисија ги објавува најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Tags: изборикандидати
Next Post

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk