ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ИЗБОРИ 2024: Кога се конституира Собранието и доделувањето на мандатот за формирање на Влада?

May 7, 2024 18:38
in PMD, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Северна Македонија утре ќе се обратат до гласачките кутии за да гласаат на седмите претседателски и 11-те парламентарни избори.

За вториот круг од претседателските избори право на глас имаат милион 814 илјада 317 избирачи, од нив во изводите од избирачкиот список за гласање во државава се запишани милион 713 илјади 758 избирачи. За парламентарните избори право на глас имаат милион 815 илјади 350 избирачи. Од нив во изводите од избирачкиот список за гласање се запишани милион 716 илјади 664 избирачи, додека во посебниот извод од избирачкиот список за лицата кои согласно со евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 96 илјади и 10 избирачи.

Кога се конституира Собранието

Според член 63 од Уставот мандатот на пратениците го верифицира Собранието, а мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Доделување на мандат за формирање на Влада

По одржувањето на претседателските избори и инаугурацијата на претседателот, која се очекува да се случи по 12 мај, претседателот на државата има задача да го додели мандатот за формирање влада. Доделување на мандатот треба да се случи по конституивната седница на Седницата.

Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, гласи членот 90 од Уставот.

Понатаму се вели дека мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.  Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Успешен ден за македонските тенисери на фјучерсот во Србија

НАЈНОВО

Фото, Генерирано со ВИ

Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ

October 18, 2025
Нуклеарна централа  Bushehr, Иран. Фото: Иранско претседателство/ZUMA/

Техеран ги укина сите ограничувања: Истече меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран

October 18, 2025
Фото: МИА

Денеска гласаат 2.162 затвореници, 8.851 болни и немоќни и 442 возрасни лицата во старските домови

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk