Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната прес-конференција изјави дека „денешниот резултат е разочарувачки и на СДСМ му е зададен тежок удар“.
Ковачевски честиташе на победата на ВМРО ДПМНЕ и на Гордана Силјановска Давкова и им се заблагодари и на Пендаровски и на гласачите на СДСМ.
-Честитам на изборот на сите 120 пратеници во македонското Собрание им посакувам да имаат успешен мандат во интерес на македонските граѓани и европската иднина на државата. Го честитам изборот на Гордана Силјановска Давкова на републиката и се надевам и посакувам функцијата да ја извршува во согласност со дадените, истакна Ковачевски.
Тој рече дека покажале дека се државотворна партија, и дека не ги бојкотирале претседателските избори и оти докажале дека Македонија им е поважна,односно дека овозможиче да има цензус на изборите за претседател. ж
– Денешниот резултат е разочарувачки, детално ќе анализираме и ќе го бараме изворот и причините за овој поразителен исход.Јас и раководството имаме одговорност , а СДСМ треба добро да размисли што направивме во последните четири па и седум години што е тоа што треба да направиме да ја вратиме довербата, рече Ковачевски.