ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Белгиско МНР: Проектот со кој раководи Ванхојте е за олеснување на дискусиите за заокружување на почетната фаза од преговорите за членство во ЕУ

May 9, 2024 16:01
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како поддржувач на перспективата на Република Северна Македонија за членство во ЕУ, Белгија одлучи да поддржи проект предложен од Центарот за европски безбедносни студии (ЦЕСС) за да се олеснат дискусиите меѓу сите политички чинители во земјата заради постигнување консензус околу одлуките што се потребни за да се заокружи почетната фаза од пристапните преговори за членство во ЕУ, изјави за МИА портпаролот на белгиското Министерство за надворешни работи, Давид Јорденс,

– Овој проект има за цел да поттикне култура на компромис меѓу политичките партии и да се овозможат решенија, а со тоа и да се придонесе кон локализација на прашањето, изјави Јорден во врска со информациите објавени во некои македонски медиуми дека поранешниот европратеник Петер Ванхојте на иницијатива на белгиското претседателство со ЕУ „добил мандат да биде медијатор олеснувач на бугарско-македонскиот спор“.

Според Јорденс, проектот се спроведува под независна одговорност на Центарот за европски безбедносни студии и е предводен од Ванхојте, во својство на „независен посредник на високо ниво со долгогодишно искуство во градење капацитети и посредување во Западниот Балкан и особено во Северна Македонија“.

– Белгија само одлучи да го поддржи проектот на Центарот за европски безбедносни студии, во рамките на својата долгогодишна политика за поддршка на проекти за посредување низ целиот свет и имајќи ја предвид својата улога на земја претседавач со Советот на ЕУ, додаде Јорденс.

Во вторникот повеќе медиуми во земјава објавија дека Хојте допатувал во Скопје на средби со преставници на политички партии, невладини организации и други експерти со цел да го „отвори патот за уставните измени и да се обезбедат гаранции дека на патот на Македонија до членство во ЕУ нема веќе да има сопки од Бугарија или нови проблеми“, поради што по престојот во земјава тој ќе отпатувал „на слични средби во Софија“.

Меѓутоа, според извори во белгиското МНР, проектот за посредништво, кој е финасиран од Белгија, е фокусиран само на Република Северна Македонија, а Бугарија не е опфатена со него.

Tags: Белгиско МНРВанхојте
Next Post

СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk