ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шефот на грчката дипломатија Герапетритис се надева дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

May 9, 2024 14:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи промени во надворешната политика, но и дека земјата ќе го продолжи својот европски пат, изрази шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радио Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција, говорејќи за вчерашните избори кај нас, рече дека одблиску го следат развојот на настаните и посочи дека се подготвени за сите сценарија.

-Од друга страна, се надевам дека нема да има промена во надворешната политика, но и во внатрешните теми на Северна Македонија. Имаме убедлива победа на ВМРО. Нивната предизборна агенда беше фокусирана и на прашањето со Договорот од Преспа и за тоа колку Договорот од Преспа претставува достоинствено решение за граѓаните на Северна Македонија. За овој случај сакам да го кажам следново: Нова демократија како опозиција ги покрена сивите точки од Договорот. Од друга страна, со доаѓањето на власт имаме и политичка и правна обврска не само да го почитуваме Договорот од Преспа, туку да се погрижиме да има и негово доследно спроведување, нешто што се заснова на самиот наш Устав, објасни Герапетритис.

Паралелно додаде дека договорите што се ратификуваат од парламентите „преовладуваат над секоја спротивна одредба од законот“, што според него, практично значи дека „што и да сака Грција, што и да сака Северна Македонија, не можат еднострано да го изменат Договорот од Преспа“.

-Односно, не може да дојде внатрешен закон и да го ревидира или поништи Договорот. Значи сите сме должни да се придржуваме до договореното. Иако предизборно навистина постоеја одредени реторики, јас чувствувам дека климата нема да биде нарушена и од дополнителна причина што Договорот од Преспа претставува формален предуслов за интегративниот пат на Северна Македонија кон Европската Унија, нешто што мислам дека не се оспорува како главна цел на соседната земја, истакна шефот на грчката дипломатија.

За европската перспектива, како на нашата земја, така и на целот регион, уште еднаш ја повтори грчката поддршка, бидејќи, како што рече, сметаат дека на овој начин се воспоставуваат мирот и безбедноста во поширокиот регион, но и додаде дека „конкретно за Северна Македонија големиот проблем што постои сега, не е толку прашањето со Грција и Договорот од Преспа, колку што е во главно прашањето со Бугарија“.

-Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот, исто како и Договорот од Преспа претставува предуслов за напредокот на интегративните процеси, па во овој момент Северна Македонија со новата Влада и новата претседателка ќе се најдат пред важни дилеми. Моето верување и надеж е дека соседната земја ќе го продолжи нејзиниот европски пат и нема да имаме оживување на национализам и проблеми од минатото, истакна министерот за надворешни работи на Грција, во интервјуто за радиото „Скај“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГерипатрисГрција
Next Post

Британските лабуристи имаат 30 отсто поголема подршка од конзервативците

НАЈНОВО

Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје

October 7, 2025

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

October 7, 2025

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk