ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

May 13, 2024 14:16
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија очекува од новите власти во Северна Македонија да покажат посветеност на европската иднина и да продолжат по успешниот пристапен пат, порача денеска главниот портпарол на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Ние очекуваме со нетрпение да соработуваме со новоизбраните власти во Северна Македонија, и со претседателката, и со новата Влада, во помошта на земјата да продолжи со напредокот и да ги испорача очекувањата што ги постави ЕУ на пристапниот пат на Северна Македонија, изјави Стано.

Запрашан какви чекори планира да преземе ЕУ доколку „новото раководство хипотетички продолжи да се однесува“ како на вчерашната инаугуративната церемонија на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова, Стано нагласи дека ЕУ искрено смета, очекува и верува оти новите власти на земјата „ќе продолжат да испорачуваат“ и затоа не би навлегувал во шпекулации „што или ако“.

– Тие имаат чист старт сега и имаат можност да ги убедат сите во Европската Унија дека се посветени на европската иднина на нивната земја и дека ќе продолжат по успешниот пристапен пат, додаде Стано.

Во врска со ставот на Европската Унија околу неупотребата на уставното име на земјата од страна на Силјановска Давкова за време на вчерашната церемонија на нејзиното полагање заклетва, Стано потенцира дека тој јасно беше искажан во објавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Икс и во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

– Она што се очекува од Северна Македонија беше јасно посочено во најновиот Извештај за проширувањето од минатата есен. Извештајот вели дека во однос на регионалната соработка, земјата одржува добри односи со другите земји опфатени со процесот на проширување и го продолжи својот ангажман во регионалните иницијативи. Постојните билатерални договори треба да се спроведат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, вклучувајќи ги неговите протоколи. Тоа се очекувањата на ЕУ, додаде Стано.

Фон дер Лајен вчера во објава на Икс порача дека „за Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е да продолжи со реформите и со целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“.

ЕЕАС пак посочи дека ЕУ изразува жалење поради фактот што новата претседателка на Северна Македонија, Силјановска Давкова не го употребила уставното име на државата на церемонијата на полагањето заклетва.

– ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција, беше посочено во вчерашната реакција на ЕЕАС.

Tags: ЕУСтано
Next Post
Никола Ѓуретановиќ

Младиот Ѓуретановиќ се поизвесен кандидат за Олимпијадата во Париз, собори уште еден рекорд на Маленко

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk