ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Марков: Време е самото општество на Северна Македонија да одлучи каде сака да оди

May 14, 2024 20:37
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Бугарскиот новинар Александар Марков, коментираќи го однесувањето на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова, која за време на свечената изјава во Собранието не го користеше уставното име на државата, смета дека изборните резултати во Република Северна Македонија потврдија дека доминантни општествено ангажирани сили во моментов се оние кои сметаат дека договорите со Бугарија и Грција се штетни за Скопје.

– Пред неколку месеци на форум во Скопје реков дека ако на едно општество му се даде избор меѓу европска интеграција и идентитет, секое општество ќе избере идентитет. Се разбира, таквиот избор воопшто не стои пред државата, но ВМРО-ДПМНЕ и Левица успеаја да ги доведат во заблуда своите гласачи дека тоа е изборот. Ќе биде интересно да се види како господинот Мицкоски ќе го исполни стратешкиот геополитички курс на државата без да ги промени своите ветувања. Новиот претседател на државата, госпоѓата Силјановска Давкова, со години инсистира и не пропушта насекаде да потенцира колку е важно владеењето на правото. Во меѓународните односи, исполнувањето на договорите е прв и најважен услов и предуслов, вели Марков во изјава за „Фронтлајн“.

Доколку Скопје, истакна бугарскиот новинар, одбие да ги имплементира Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија (како и протоколите кон него), тоа не би значело суспензија, туку целосен пресврт на курсот на земјата кон ЕУ.

– Прашањето не е за отстапки од страна на Софија и Атина – не затоа што таквите отстапки веќе се доволно направени, туку затоа што двата документи, како и протоколите на Договорот со Бугарија, се договорни рамки поддржани од сите земји-членки на ЕУ. А Брисел одамна потенцираше дека нема да има нова преговарачка рамка. Тешко би било да се предвиди дали уставните измени ќе бидат прифатени од Собранието. Време е самото општество на РСМ да одлучи каде сака да оди. Во Бугарија не гледам општествено-политички сили кои лесно би ги отфрлиле документите на кои работеле неколку влади и десетици експерти за да се задоволи новото парламентарно мнозинство во Скопје. А Брисел категорично стави до знаење дека во позадината на геополитичките предизвици во непосредното соседство на Унијата, никој нема да има време, а камоли напор, целосно да преговара за рамката на Скопје, подвлече бугарскиот новинар.

Д. Ј.

Tags: Александар МарковДоговорот за добрососедство со БугаријаДоговорот од Преспа
Next Post

ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk