За лекување на тригодишната Аника со трансплантација на матични клетки потребни сe 25 илјади евра.
„Собираме средства за тригодишната Аника, која е третата радост на мама и тато. Аника има аутизам со дијагноза F84, и епилепсија со дијагноза Г40. Невербална е, не разбира ништо. Има страшен сензорен проблем, не јаде цврста храна, не трпи меки работи околу себе, не трпи гласни звуци затоа носи антифони надвор. Треба да собереме 25К евра за трансплантација во Турција. Лекувањето е со трансплантација на матични клетки, ќе треба да се направат анализи и таму да се патува и престојува. Клетките со испитувања, пат и сместување за 2 недели, преку 25.000 евра“, истакнуваат родителите.
Броеви за донација:
А1: 143 444
Телеком: 143120








































































































