Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Првата дама на Република Северна Македонија и првиот човек епилог од штотуку завршените парламентарни, уште и не седнати во кабинетите и таман нешто со Преспанскиот и по нешто со Добрососедскиот прикрпивме, успеаја, онака „државнички просперитетно“ пак да нè испокараат со соседите и од југ и од исток и не само со нив туку и со сите во ЕУ и скоро ќе се случи тоа и со западниот кој, ни крив ни должен грешно закачен за нас, го блокираме за ЕУ и, нормално, и со унгарскион, но со него не само поради милијардата туку таму има уште по некои во моментов не толку важни пикантерии но, најважното од сè e што нашата ни мила Татковина, онака постизборно и не губејќи ниту ден, забрзано гордо тргнува во рикверц и, како што навестија новите властодршци кои веќе најавијаи и кои дури и почнаа да практикуваат нови третмани со соседите, посебно спрема меѓународните договори и сето, пред да си го скршат носот и одвнатре меѓуетнички и однадвор меѓународно и пред да се покајат за лагите пред електоратот, кажано и во оваа една реченица, ќе успеат, тоа секако, да ја верификуваат штетата која можеби ќе е надоместлива но, како и повеќепати досега, и овој пат, како и повеќепати досега, загубено неповратно ќе е и ова време македонско.