ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки

May 19, 2024 15:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку интервјуто за неделното издание на солунскиот весник „Македонија“, ја повика новата претседателка Гордана Силјановска Давкова „да избегне слични нелегални и провокативни“ избори и порача дека ратификацијата на трите меморандуми зависи и од тоа колку другата страна ќе се покаже доследна до меѓународните обврски, јави дописничката на МИА од Атина.

-Новата претседателка на Северна Македонија направи незаконски и провокативен избор да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја нарече својата земја со поинакво име од она што е дефинирано со самиот Уставот на соседната држава, со што не го прекрши само Договорот од Преспа, туку и Повелбата на нејзината татковина, рече Мицотакис.

Додаде дека „не беа случајни брзите реакции“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но и од САД.

-Од наша страна ја повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни избори, за кои, секако, категорично изјавуваме дека нема да ги прифатиме. Се подразбира дека европскиот тек на Скопје зависи од искреното почитување на договореното. Затоа, раководството на Северна Македонија мора да сфати дека од пријателството со Грција, може да има само корист, рече грчкиот премиер.

Во интервјуто за неделното издание на солунскиот весник, Мицотакис се осврнува и на трите меморандуми со нашата земја и на одлуката на СИРИЗА да ги донесе во Парламентот, коментирајќи дека е „неприфатливо грчките сили да предлагаат нешто што воопшто не го ни предлага другата страна“.

-Повторно да појаснам, очигледно дека ќе го почитуваме договореното со меѓународен договор. Но, гласањето на меморандумите зависи и од другата страна. А главно од тоа колку доследна ќе се покаже во меѓународните обврски. Значи, очекуваме да се придржува до договореното. А ние како држава која има континуитет и доследност, соодветно ќе го сториме предвиденото, рече Мицотакис.

Паралелно потсети дека Нова демократија како опозиција не го поддржа Договорот, но и дека уште тогаш потенцираа дека од моментот кога ќе се изгласа е обврзувачки за земјата.

– Потсетувам дека во 2019 година гласавме против Договорот, без никогаш да кажеме дека ќе го поништиме. Многу едноставно затоа што ова не е можно. Тогаш, од говорницата на Парламентот укажав на несоодветносите на договорот и предупредив за проблемите што ќе се создадеа. Како опозиција инсистиравме, знаејќи дека од моментот кога ќе се изгласа договорот обврзувачки за земјата, не се менува. Сега, како Влада, мораме да го почитуваме грчкиот потпис на меѓународен договор, додаде Мицотакис.

Tags: Гордана Силјановска ДавковаКирјакос Мицотакис
Next Post

(ФОТО) Велосипедистката Дуња Иванова осма на Балканот

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk