ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Кумановци сè уште купуваат вода за пиење, утре ќе пристигнат резултатите од последната од трите анализи на Центарот за јавно здравје Куманово

May 27, 2024 11:29
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кумановци сè уште купуваат вода за пиење. Надлежните од јавното претпријатија „Водовод“ и граѓаните го чекаат последниот резултат од земените мостри од центарот за јавно здравје за да може да ги соопштат резултатите. Законските родови се децидни и потребни се три последователни анализи на земени мостри од различни локации. Препораките на надлежните е водата да се преврива и да се користи како техничка сè до конечна потврда од центарот за јавно здравје.

Според законските процедури до утре до 14 часот би требало да ги добиеме резултатите од трите последователни анализи од мострите земени од десет локации низ градот, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.

Екипите на Центарот за јавно здравје првите резултати ги зедоа во четврток, вторите во петокот, третите во саботата. За секоја анализа потребни се по 48 часа.

– И денеска ќе бидат земени мостри од десет локации за хемиска и микробиолошка анализа, додава Стојмановски.

Од кумановската општа болница информираат дека сè до последните резултати пациентите ќе ги праќаат во скопските клиники и болници.

– Останува да ги почекаме резултатите од Центарот за јавно здравје, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.

На инфективното одделение состојбата е стабилна.

Немаме зголемен број на лица заболени од стомачни вируси. Граѓаните ги почитуваат препораките, изјави д-р Сунчица Јосифова, началник на одделението.

Осумте објекти од градинката „Ангел Шајче“ и Домот за стари лица имаат вода за пиење која ја набавија двете институции.

– Минатата недела покрај што самите набавивме вода имаме добиено како донација над 1.220 литри од наши тројца добавувачи. Сè додека трета е оваа состојба ќе набавуваме вода од сопствени средства, изјави директорката на градинката Марина Алексовска.

Директорот на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, Дејан Стојановски вели дека вода за пиење набавуваат од добавувачи.

Во Куманово нормализирано е водоснабдувањето, освен во високите зони. Вчера, покрај состојбата со вода и испитувањето на матност, се случи и поголем дефект на глава цевка пред основното училиште „Кочо Рацин“ што ги остави без водоснабдување жителите од населбата Зелен рид.

Екипите го санираа дефектот на цевката „Ф 300“ речиси цел ден, поради комплексноста на проблемот, водоснабдувањето насекаде е нормализирано, освен на највисоките места во градот, изјави Стојмановски.

Конкретно жителите на приградската населба „Карпош“ близу резервоарот сè уште имаат проблем со водоснабдување. Таму, пристига вода од „Митев мост“ која пак цело време е безбедна за пиење исто како и водата од Бедиње.

– Вчера се обидовме со затворање на шибери и затворање на други локации да ги снабдиме овие локации со вода. Поради нерационално трошење на водата од граѓани таа не може да стигне до највисоките локации. Таму одат 50 литри во секунда. Ако се земе предвид дека Крушево со 4.000 жители се снабдува со 20 литри вода во секунда, можете да замислите каква потрошувачка има во тие населби, изјави Стојмановски.

Тој ги повика граѓаните рационално да ја користат, да не полеваат дворови, да не перат автомобили, да не полнат базени.

На 21 мај, годинава надлежните институции ја информираа јавноста дека водата е заматена поради обилните дождови во липковско каде што имаше интензивни врнежи од град и дожд. Таму се сместени бравите Глажња и Липково од каде што доаѓа водата до ЈП „Водовод“ која после обработка се дистрибуира до населението.

Tags: ВодаКуманово
Next Post

Што е зелена (циркуларна) економија?

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk