ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, во државава вкупно 631 случај

May 28, 2024 09:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 17 до 23 мај, пријавени се 34 нови случаи на голема кашлица, со намалување од 22,7 отсто споредено со претходниот седмодневен период, кога беа евидентирани 44 новозаболени. Од новите 34, три случаи се хоспитализирани, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен изутринава.

Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 27, а пријавени се и четири случаи од Тетово и по еден од Прилеп, Кичево и од Велес. Возраста на заболените се движи од еден месец до 73 години. Најголем број случаи се од возрасната група под една година и од пет до девет години.

– Заклучно со 23 мај, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 631 случај на голема кашлица, со инциденца од 34,4/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 507 или 80,3 проценти со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамките на епидемијата во Куманово, пријавени се 35 заболени лица или 5,5 отсто. Случаи се пријавени и во други 17 градови низ државата, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 297 лица се од машки, а 334 од женски пол.

– Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година. Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето – за седмодневен период од понеделник до недела, се забележува континуиран пораст на бројот на случаи на неделно ниво, до 12-та недела. Од 12 до 21-ва недела, бројот на пријавени случаи флуктуира, забележуваат од Институтот.

Од вкупниот број заболени, хоспитализирани се 90 лица или 14,3 проценти. Од нив, 75 или 83,3 отсто – на возраст до четири години. Најголем број од случаите – 60 или 66,7 проценти се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број хоспитализирани лица, 85 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена.

– Во тек се две епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово. Од вкупниот број регистрирани случаи – 631, 379 односно 60,1 отсто не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани – 201, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување изнесува 12,4 години, заклучуваат од ИЈЗ.

Од 18 јануари до 23 мај дадени се вкупно 49.934 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

Next Post

Регионална конференција на ЦИВИЛ и ЛогЕкс: Перспективите на циркуларната економија во услови на војни и несигурности

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk