ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Регионална конференција на ЦИВИЛ и ЛогЕкс: Перспективите на циркуларната економија во услови на војни и несигурности

May 28, 2024 09:41
in PMD, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ е домаќин на онлајн регионална конференција на тема „Перспективите на циркуларната економија во услови на војни и несигурности“ в петок, 31 мај, со почеток во 12 часот.

Конференцијата е дел од Неделата на циркуларната економија на Западен Балкан 2024, регионална манифестација на веќе трета година ја организира регионалната иницијатива ЛогЕкс (LogEx), формирана од еминентната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово.

На конференцијата ќе говорат претставнички и претставници на граѓански организации од целиот регион на Западен Балкан, во прв ред, членки на ЛогЕкс заедницата. Тие ќе говорат за своите активности, како и за перспективите на циркуларната економија во национални, регионални и глобални контексти.

Работниот јазик на конференцијата е англиски.

КЛИКНЕТЕ НА ФЕЈСБУК НАСТАНОТ: Перспективите на циркуларната економија во услови на војни и несигурности

Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан 2024

Овогодишната тема на Неделата на циркуларна економија е „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“ и се одржува од 27 до 31 мај.

Организациите од земјите на Западен Балкан, членки на ЛогЕкс заедницата организираат мноштво од паралелни активности со кои ги промовираат добрите практики и знаењата поврзани со предизвиците и перспективите на циркуларната економија во регионот.

Регионалната иницијатива на ЛогЕкс (LogEx) заедницата – формирана од Балкан Форум – има за цел да го револуционизира пристапот на Западен Балкан кон одржливиот развој, преку промовирање на практики на циркуларната економија. Со здружување на различни актери, вклучувајќи ја и академијата, граѓанските организации, медиумите, бизнисот и експертите, Неделата на циркуларна економија има цел да ја промовира интерсекторската и регионалната соработка кои се основа за развој и поттикнување на значајни и позитивни промени во регионот.

ЦИВИЛ 

Tags: ЛогЕксЦИВИЛциркуларна економија
Next Post

„Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ нова изложба во МСУ и музејска тура за сладокусците

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk