ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кирби: Нападот во Рафах не ја менува политиката за воена помош за Израел

May 29, 2024 09:17
in ДЕНЕС, СВЕТ

Израелскиот авионски напад врз кампот за раселени Палестинци во Рафах при што загинаа десетици цивили е „ужасен“ но тоа нема да ја смени копнената операција и не нарушува некакви „црвени линии“ на САД, изјавија синоќа од Белата куќа.

-Израелците кажаа дека тоа е трагична грешка, изјави за новинарите Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност Џон во Белата куќа, одговарајќи на прашање дали настаните викендов се квалификуваат како „смрт и уништување“ како што предупредуваа американски службеници и што може да стане причина за запирање на понатамошна воена помош за Израел.

-Не видовме дека тие навлегоа со голема копнена операција во Рафах, со многу војска, во колони и формации за да вршат некаков координиран маневар против разни цели на земјата, изјави тој за израелската војска, додавајќи дека нема такви промени во политиката за кои би можело да се говори.
Но САД не „замижуваат“ на страдањата на палестинските граѓани, рече Кирби.
Тој посочи дека во ударот од воздух биле убиени двјаца високопозиционирани раководители на Хамас директно одговорни за терористичкиот напад врз Израел лани во октомври.
Исто така потврди дека САД повеќекратно се обраќале до Израел да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на невините животи.

-Израелските одбранбени сили спроведуваат истрага за која мислиме дека е мошне значајна за спречување на слични инциденти во иднина, изјави тој.
-Армијата на Израел денеска ги објави првичните наоди што укажуваат дека пожарот бил предизвикан од секундарена експлозија, а не од самиот напад, рече Кирби и додаде дека „секогаш постои ризик по мирното население кога се нанесуваат удари од авиони во густонаселени делови од Газа, како Рафах“.

Tags: Воена помошизраелКирбинападРафах
Next Post

Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk