ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Српските власти почнуваат со формирање на локалната власт, опозицијата бара напуштање на парламентот и граѓанска непослушност

June 4, 2024 11:52
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, изјави дека СНС ќе почне да работи на формирање на сите структури на локалните власти и исполнување на она што е ветено на граѓаните во предизборната кампања, а Саво Манојловиќ од движењето „Крени-промени“ ја повика опозицијата да ги врати мандатите и да го напушти градското собрание на Белград, Ниш, општината Нови Белград, како и републичкиот парламент поради изборните махинации, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ за ТВ Хепи изјави дека победата на изборната листа околу СНС во повеќето градови и општини во Србија е голема одговорност, како и дека „победата на изборите не е триумф“, туку обврска да се сработи ветеното.

Таа додаде дека „убедливата победа на коалицијата околу СНС покажува дека на изборите немало кражба на гласови“.

-Ова е голем успех на нашата коалиција, СНС, Александар Вучиќ, Милош Вучевиќ, но и на сите наши коалициски партнери. Се обидов да воспоставам дијалог со опозицијата и се надевав на поинаква атмосфера. На сите наши напори опозицијата одговори со физички напади врз нашите кол центри, кои се сосема легални и нормални во секоја демократска земја. Не можам да разберам такво однесување. Утре како претседател на Народното собрание треба да го продолжам тој дијалог, но не знам како. Она што го видовме од опозицијата беше се освен демократија, рече Ана Брнабиќ.

Премиерот на Србија и претседател на СНС, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека членовите на таа партија очекувале подобар резултат на локалните избори во Ниш, но дека нивната листа „секако добила најголем број гласови“ и дека нема да брзаат со формирањето власт во тој град.

Од друга страна, Саво Манојловиќ од движењето „Крени- промени“ ја повика опозицијата до утре во 10 часот да ги врати мандатите и да ги напушти Градското собрание на Белград, Ниш, општина Нови Белград, како и републичкиот парламент поради изборни махинации.

Во случај опозицијата да се договори за ова прашање, тој од сабота најави голема граѓанска непослушност, за која има план.

-Поради очигледната манипулација со гласовите и промените на евиденцијата на гласачите во Ниш и општина Нови Белград, бараме сите опозициски партии од овие градови, како и од републичкиот парламент, да го напуштат парламентот доколку се продолжи со прекројување на изборната воља на овој начин, повика Манојловиќ.

Тој посочи дека ова што сега се случува со прекројување на записникот е директна разлика меѓу автократија и диктатура.

-Немаме време да зборуваме кој бил претходно виновен, да шетаме два месеци, рече Манојловиќ и нагласи дека „кога немаш опозиција во парламентот, тогаш имаш диктатура“.

Тој кажа дека овој повик ги обединува оние политички опции кои велеа дека не треба да се излезе на избори поради фотелјата, но и оние кои велеа дека одат на избори за да се борите институционално.

Од коалицијата НАДА, која не учествуваше на изборите во Белград, но затоа е во фронтот на обединетата опозиција во Нови Сад, претседателот на Новата демократска партија на Србија (ДСС), Милош Јовановиќ, изјави дека новата власт во Белград „не е, не може и не смее да се смета за легитимна“.

-Нема сомнеж дека многу брзо, како резултат на постапките на нелегитимната белградска власт, ќе бидеме повикани да пружиме решителен отпор, рече Јовановиќ.

И иницијативата „Проглас“ соопшти дека локалните избори одржани во Србија на 2 јуни „не биле ниту фер, ниту слободни“, а ескалацијата на нерегуларностите и насилството ги надминала „најмрачните предвидувања“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Книжевен и творечки фестивал за деца и млади „YES Фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“

НАЈНОВО

Приведен жител на Ваташа поради уништување плакати на политичка партија

October 18, 2025

ДИК: Започна гласањето за болни, затвореници и лица во установи за вонсемејна грижа

October 18, 2025
Фото, Генерирано со ВИ

Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk