ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски ќе го добие мандатот ден пред истекот на рокот, подготовки за законските измени за реорганизација на министерствата

June 5, 2024 09:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На ден пред истекот на крајниот рок се очекува претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова да му го додели мандатот за формирање на нова влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека владата ќе биде формирана согласно уставните рокови, а од коалицијата „Вреди“, со која ВМРО-ДПМНЕ преговара, очекуваат за три до четири дена да има конечен договор.

Рокот за доставување на мандатот завршува в петок, на 7 јуни, откога почнуваат да течат дваесетте дена за формирање на владата.

– Можно е и порано да се додели мандатот. Се зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините, изјави вчера претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова во одговор на новинарско прашање пред почетокот на панел дискусијата „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација”.

Во меѓувреме, течат преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ за формирање на новата влада. Иако поделбата на ресори веќе е објавена и неофицијално се споменуваат имиња на новите министри, сепак, се уште нема официјална информација кога ќе биде финализиран конечниот договор за формирање влада.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски вчера изјави дека според неговите очекувања новата влада би можела да биде формирана малку порано од крајниот рок, но дека се уште се во тек разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

– Како што знаете мандатарот, односно претседателот на ВМРО – ДПМНЕ се уште формално го нема земено мандатот, што значи течат уставните рокови. Тоа што би можел во овој момент да го кажам е дека согласно уставните рокови ќе биде формирана новата влада, рече Муцунски, кој присуствуваше на истиот настан со претседателката Сиљановска Давкова.

Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата „Вреди“ која преговара со ВМРО-ДПМНЕ за составување на нова влада, вчера истакна дека главните точки на владината програма се координирани и дека очекува за три до четири дена да има конечен договор. Прашан дали ќе биде старо нов министер за здравство, тој одговори „најверојатно да“.

Доколку Сиљановска Давкова утре го додели мандатот, рокот од 20 дена за формирање Влада истекува на 25 јуни. Партиски извори за МИА, велат дека Собранието би можело и порано да ја изгласа новата влада.

За Владата да биде изгласана потребно е апсолутно мнозинство од најмалку 61 пратеник од вкупно 120 – члениот Парламент.

Во Собранието, пак, се прават подготовки за измени на Законот за организација на работата на органите на државната управа за да може да се изгласа новата реорганизирана влада и да се изберат нејзините членови. За да се донесат измените на овој закон потребно е двотретинско мнозинство или 80 пратеници, а според сегашната математика, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ (58) со Вреди (14) и ЗНАМ (6) заедно имаат 78 пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма „Платформа 1198“, најави реорганизација на министерствата. Новина ќе бидат отворањето на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, што досега било само сектор во Министерството за економија, и трансформација на Агенцијата за млади и спорт во Министерство за спорт. Секторот млади треба да влезе во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а ресорот труд да влезе во Министерството за економија и труд, а оттаму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација треба да стане Министерство за дигитална трансформација.

Next Post

Словенечкиот парламент го одобри признавањето на Палестина

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk