ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Контроверзии околу телефонскиот разговор Кусари Лила – Радоичиќ; Мелони на увид на бегалските кампови во Албанија

June 5, 2024 12:06
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските медиуми веќе два дена  се преплавени со коментари и анализи на разговорот на Мимоза Кусари Лила ( шефица на парламентарната група на ВВ) со Милан Радоичиќ, организаторот на терористичкиот напад во Бањска.

Италијанската премиерка  Џорџа Мелони денеска ќе ја посети Албанија и ќе се сретне со премиерот Еди Рама во Шенѓин, каде ќе се градат имигрантските кампови, известија албанските медиуми.

КОСОВО

Бота Сот: Реакции и „вистини“ за разговорот помеѓу Мимоза Кусари Лила и Радоичиќ

Во понеделникот медиумите објавија краток разговор меѓу шефицата на пратеничката група Ветевендосје, Мимоза Кусари-Лила и српскиот криминалец Милан Радоичиќ.

Разговорот, кој траеше помалку од една минута, го посредувал Славко Симиќ од Српска листа. Според извештаите, овој разговор се случил во јуни 2022 година, во времето кога Милан Радоичиќи бил вклучен во Црната листа. Според верзијата на Кусари-Лила, разговорот се случил откако Симиќ „без предупредување го пуштил интерфонот“.

„Мимоза Кусари-Лила не е членка на Движењето Ветевендосје; и да беше членка, за овие работи има дисциплинска комисија, затоа што ВВ нема диктаторски претседател кој носи такви одлуки. Јас самиот не сум ги слушнал, но граѓаните на Косово знаат кој соработувал со Радоичиќ и многу им е јасно зошто Радоичиќ сега бега а порано беше во владата“, се произнесе косовскиот премиер Албин Курти.

Објавениот разговор предизвика реакција од опозицијата, од кои некои побараа оставка од владата, а други отфрлија евентуална коалиција со владејачката партија.

Милан Радоичиќ е и организатор на терористичкиот напад на 24 септември во Бањска и Звечан и сè уште не се преземени никакви мерки против него, пренесува Бот Сот.

РСЕ: Стејт департментот  бара фер правен процес за уапсените во Србија за воени злосторства

Од Американскиот Стејт департмент  за Радио Слободна Европа соопштија  дека се запознаени со апсењето на поединец од страна на српските власти под сомнение за воени злосторства во 1990-тите и повикува на фер и транспарентен правен процес против него и други лица кои се уапсени под истите сомненија.

Ова го изјави портпаролката на ДАШ, во барањето да го коментира приведувањето на косовскиот државјанин Тефик Мустафа од страна на српските власти на граничниот премин меѓу Косово и Србија, Мердаре, на 1 јуни.

Судот во Белград против него донел мерка притвор во траење од 30 дена.

Ги повикуваме српските институции да гарантираат фер и транспарентен правен процес за овој случај, како и за секое друго апсење, во согласност со владеењето на правото“, се вели меѓу другото во одговорот на Стејт департментот на САД, пренесува Слободна Европа на албански јазик.

Во последните три години во Србија беа уапсени повеќе државјани на Косово, како што беше кажано, под сомнение дека извршиле злосторства за време на војната на Косово во периодот 1998-99 година.

Српските власти на 17 април годинава под истото сомневање на еден од граничните премини Косово-Србија уапсија уште еден косовски државјанин Садик Дурак.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Мелони денеска во Албанија ќе ги посети центрите за имигранти во Шенѓин и ќе одржи прес конференција со Рама

Италијанската премиерка  Џорџа Мелони денеска ќе ја посети Албанија. Таа ќе се сретне со премиерот Еди Рама во Шенѓин, каде ќе се градат имигрантските кампови, а се очекува двајцата колеги да одржат прес-конференција, пренесува Телеграфи.

Според договорот, пристаништето во кое ќе пристигаат имигрантите  ќе биде Шенѓин, каде што ќе биде формиран првиот центар кој ќе служи за идентификација и регистрација на бегалците, додека Ѓадри ќе биде камп за нивно сместување додека се чекаат одговорите на барањата за азил. Прифатниот центар ќе има капацитет од 3.000 места, додека по завршувањето на процедурите за проценка, италијанските власти на сопствен трошок ќе ги отстранат имигрантите од албанската територија.

На договорот меѓу Албанија и Италија за имигрантите се спротивставија италијанската и албанската политика и опозициите на двете влади.

Панорама: СПАК отвори истрага за 4 кривични дела генералниот директор на даночната управа Клоси

Цено Клоси од март годинава е под истрага на СПАК за сторени кривични дела „корупција“, „злоупотреба на службена должност“, „измама“ и „фалсификување исправа“.

Според  официјалните податоци на обвинителската институција, 6 месеци пред првиот извештај, опозицијата поднела уште една пријава против генералниот директор за даноци Клоси.

По отворањето на истрагата, Клоси поднесе оставка, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Коха: Институтот за „гатанки“ од Љубљана, австриска дипломатска академија и улогата на руската тајна служба

„Австрија стана арена на руските тајни служби. Според германските медиуми, постои сомневање дека руската воена служба влијаела на спроведување на семинари на Дипломатската академија во Виена.

Изгледа во сета оваа супа е измешан Босанец, кој во Виена го претставува институтот ИФИМЕС од Љубљана, познат повеќе како центар кој продава бајки како политичка анализа“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Институтот за „гатанки“ од Љубљана, австриска дипломатска академија и улогата на руската тајна служба“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

July 5, 2025
Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Коалиција Маргини: Репродукција или казна – Како власта ни ја дисциплинира иднината

July 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk