ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Марјан Ѓорчев: Проширување на ЕУ во „слепа улица“, структурните реформи приоритет за државата!

June 12, 2024 13:25
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Марјан Ѓорчев

Марјан Ѓорчев

Share on FacebookShare on Twitter

„За нас како држава сè се сведува да си се грижиме за структурните реформи, како неопходен чекор за подобар живот на граѓаните, да го зајакнеме економскиот општествен подсистем со годишен раст од над 4% и барање поголема финанасиска подршка од европските грантови“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Марјан Ѓорчев – поранешен амбасадор во Софија, зборувајќи за новата реконфигурација на Европскиот парламент и интегративниот пат на земјата кон ЕУ.

– Новиот ЕУ Парламент го задржа мнозинството пратеници, над 400. ЕПП има 186, СПД 135, Либералите (Обнова на Европа) 79. Со овој резултат силите на центарот, десно и лево од центарот остануваат доминантни политички сили. Тоа се умерени, рационални политичари на нео-либералната демократиска логика. Според мене, нивна клучна задача ќе биде реформите внатре во Унијата, социјалната политика, миграцијата, милитаризацијата, климатските промени и „зеленета“ атомска енерегија, енергијата од обновливи извори, понатамаошнта кофронтација со Русија. Проширувањето на ЕУ нема да биде во центарот на вниманието, токму поради влијанието на десните партии (околу 131 пратеници од конзервативци, реформисти и идентитет демократијата), кои што се против проширувањето, изјави Ѓорчев за „Фронтлајн“.

Според него, понудата за почеток на преговорите со Украина и Молдавија, а заобиколувањето на државите од Западен Балкан кои што се далеку понапред во структурните реформи, економските перформанси и владење на правото во однос на Украина и Молдавија, го сведува процесот на проширување на политичка интерпретација на европскиот закон и го доведува процесот на проширување во „слепа улица“.

– Внатре во унијата се хавуваат центробежни сили за нов „полабав“ облик на интеграција и поголема слобода на одлучување на националните држави. Натамошните тегорми во контекст на процесот на одлучување со консензус и негова трансформација во дво-третинско мнозиство при одлучување е прерогатив за носење квалитетби одлуки без наметнување на спорни прашања од одделени држави – користејќи го правото на ВЕТО, наведува нашиот соговорник.

Не е јасана, додава тој, визијата за „повеќестепена“ Европа, Европа на центар периферија?!

Нашиот соговорник вели дека не е јасен ниту концептот за Европска политичка заедница, навестена од Макрон, како „карантинска димензија“ на државите што не се членки на Унијата, а како кандидат членки ги сместуваат во тој нејасен облик на Европска политичка заедница.

– За нас како држава сè се сведува да си се грижиме за структурните реформи, како неопходен чекор за подобар живот на граѓаните, да го зајакнеме економскиот општествен подсистем со годишен раст од над 4% и барање поголема финанасиска подрѓка од европските грантови, заклучува Ѓорчев.

Првата седница на новиот состав на Европскиот парламент ќе се одржи на 16 јули. Во меѓувреме, лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе разговараат за назначувањето на шефови на европските институции: Европската комисија, Европскиот совет и на европската дипломатија.

Додека Фон дер Лајен се надева дека ќе биде реизбрана, веќе е извесно дека ќе бидат сменети претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Лидерите на институциите на ЕУ се секогаш претставници на оние политички партии кои добиле најмногу гласови на изборите.

720-те места во Европскиот парламент ќе ги пополнат пратеници од сите земји-членки на ЕУ. Која земја колку пратеници има зависи од големината на населението. Според тоа, Германија ќе испрати најмногу пратеници во Брисел/Стразбур – 96 европратеници, додека Кипар, Луксембург и Малта ќе имаат само по шест пратеници.

Европратениците се единствените претставници во институциите на ЕУ кои директно ги бираат граѓаните.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУМарјан ЃорчевреформиСеверна Македонија

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk